СЗО: Нема функционални болници во северниот дел на Појасот Газа

December 21, 2023
2 mins read

ЖЕНЕВА (АА) – Светската здравствена организација (СЗО) денес соопшти дека северниот дел на Газа повеќе нема функционални болници поради недостиг на ресурси во услови на тековните напади на Израел, јавува Анадолу.

„Нема функционални болници на север. Ал-Ахли беше последна, но сега минимално функционира и сè уште лекува пациенти, но не прима нови, како и болниците Ал-Шифа, Ал-Авда и Ал-Сахаба. Овие болници сè уште засолнуваат илјадници раселени луѓе“, рече Ричард Пиперкорн, претставник на СЗО во окупираните палестински територии, на прес-конференција во Женева преку видеолинк.

„Само девет од 35 здравствени установи делумно се функционални во целиот Појас Газа“, изјави Пиперкорн, велејќи дека сите од нив се наоѓаат на јужниот дел.

„Ал-Ахли сега е школка од болница“, рече тој, додавајќи дека таа е единствена болница во која повредените во северниот дел на Газа можеле да бидат оперирани до пред два дена.

„Но повеќе нема операциони сали поради недостиг на гориво, струја, медицински материјали и здравствени работници, вклучително и хирурзи и други специјалисти“, рече тој, додавајќи дека болницата целосно престанала да функционира и моментно работи само како престојувалиште, без или со многу малку обезбедени медицински услуги.

Претставникот рече дека болницата Ал-Ахли е во „целосен хаос, пренатрупана и зона на катастрофа“.

„Повеќе од 20 вработени во болницата во Ал-Ахли беа приведени во понеделникот“, истакна Пиперкорн и рече дека шестмина биле ослободени и принудени да заминат на југ.

„Сепак, нема информации за другите што се во притвор“, рече тој, апелирајќи до сите страни во конфликтот да го почитуваат меѓународното хуманитарно право и постојано да ги штитат здравствените работници, пациентите, здравствените установи и амбулантите.


– Стапката на исполнетост на болниците достигнува 206 отсто во јужниот дел на Појасот Газа –

Пиперкорн нагласи дека две големи болници во јужниот дел на Газа работат со тројно поголем капацитет на кревети.

„Во меѓувреме, вкупната стапка на исполнетост сега достигнува 206 отсто во болничките одделенија и 250 отсто во ургентните, покрај обезбедувањето засолниште за илјадници внатрешно раселени лица“, рече тој.

Според претставникот, се проценува дека се раселени над 1,9 милиони или 85 отсто од населението, од кои половината се деца. Над 1,4 милиони од нив се засолнуваат во објектите на УНРВА и други јавни места, вклучително и болници.

Пиперкорн рече дека 136 вработени во УНРВА се убиени од почетокот на воените дејства.

Во врска со нападите врз здравствените објекти, тој рече дека до средата во Газа биле извршени 246 напади, при што имало 582 жртви и 748 повредени. Во нападите се погодени 61 здравствена установа и 76 амбулантни возила, додаде тој.

Израел ги започна нападите врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври, при што, според здравствените власти во енклавата, загинати се речиси 20.000 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се 52.586.

Израелските напади ја претворија Газа во урнатини со тоа што половина од станбениот фонд на крајбрежната територија е оштетен или уништен, а речиси 2 милиона луѓе се раселени во густо населената енклава, каде има недостиг на храна и чиста вода.

Се смета дека речиси 1.200 Израелци се убиени во нападот на Хамас, а 130 заложници остануваат во заробеништво.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Владиката Партениј проговори за нападите од Палчо, односите со Петар, признавањето од Вартоломеј

Следно

Истепал медицинска сестра на скопската клиника, полицијата го уапсила

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop