Најмалку 20 000 Палестинци се убиени од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел, тврди Министерството за здравство во Газа

December 20, 2023
3 mins read

Во меѓувреме во Њујорк повторно е одложено гласањето за нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара прекин на непријателствата во Газа за да се овозможи пристап до хуманитарната помош. Ваквиот исход доаѓа по неколкудневни тензични дипломатски несогласувања околу јазикот на текстот на нацрт-резолуцијата. Како што јави Би-би-си, гласањето е одложено за утре

Министерството за здравство во Газа кое е под контрола на Хамас соопшти дека повеќе од 20 000 луѓе се убиени во енклавата од 7 октомври кога Израел ги почна своите воени операции како одговор на нападите на Хамас, пренесуваат светските медиуми.  

Палестинско семејство покрај уништена куќа во бегалскиот камп Ал Нусеират во Појасот Газа / Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Според податоците на Министерството, во просек речиси 300 луѓе гинеле секој ден од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел, не сметајќи го седумдневниот прекин на огнот.  

Регионалниот директор на Светската здравствена организација за итни случаи, Ричард Бренан рекол дека овие податоци за бројот на жртви ги смета за веродостојни, пренесува Регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, повикувајќи се на Би-би-си. 

Лекарите во Газа велат дека бројот на загинати најверојатно ќе биде значително поголем бидејќи актуелните бројки не ги вклучуваат телата на луѓето чии тела се под урнатините на уништените згради или на оние кои не се пренесени во болница. 

Повторно одложено гласањето за нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН

Во меѓувреме во Њујорк повторно е одложено гласањето за нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара прекин на непријателствата во Газа за да се овозможи пристап до хуманитарната помош. Ваквиот исход доаѓа по неколкудневни тензични дипломатски несогласувања околу јазикот на текстот на нацрт-резолуцијата.

Како што јави Би-би-си, гласањето е одложено за утре.  

Тоа веќе двапати беше одложено бидејќи членовите бараат формулација со која би се избегнало вето од страна на САД, главниот сојузник на Израел. Текстот, кој првично бараше итен и траен прекин на непријателствата, сега алудира на суспендирање на борбите. 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека нема да има прекин на огнот во Газа додека Хамас не биде целосно елиминиран. 

„Нема да престанеме да се бориме додека не ги постигнеме сите цели што си ги поставивме – елиминација на Хамас, ослободување на нашите киднапирани и крај на заканата од Газа“,

рече израелскиот премиер.

Во видео изјава објавена од неговиот кабинет, тој посочи дека ќе ја продолжи војната до крај и дека секој што мисли дека ќе запре „нема врска со реалноста“. 

„Сите терористи на Хамас, од првиот до последниот, се мртви луѓе. Тие имаат две опции – да умрат или да се предадат“,  

порача Нетанјаху.

Неговата изјава уследи откако лидерот на Хамас, Исмаил Ханије пристигна во Египет на разговори за ново примирје во Газа, за ослободување на заложниците што ги држи неговата организација, како и испорака на повеќе хуманитарна помош на опколената територија. 

Разговорите, како што пренесоа британските медиуми доцна вечерва повикувајќи се на висок палестински функционер, завршиле без резултат.  

Официјалниот претставник за Би-би-си изјавил дека  Египет предложил уште едно хуманитарно примирје, но од страна на Хамас била отфрлена идејата за привремено решение за војната.   

Претставниците на Хамас рекле дека остануваат на ставот дека никаков договор за размена на заложници нема да се случи пред конечен прекин на огнот.  

„Разговорите ќе продолжат, Египќаните се оптимисти околу можноста за пробив (во разговорите) во наредните денови, но свесни се дека ситуацијата е тешка и дека преговорите ќе бидат тешки и долги“,

рекол палестинскиот функционер за британскиот национален сервис. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шукова: Немаме што да криеме за проектот „Чебрен“

Следно

Променливо облачно, температури до 12 степени

Latest from Blog

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени

Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш

Мал раст на МБИ10 и стабилен пазар: Берзанска сесија со промет од 38,7 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 10 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа раст од 0,05% и заврши на 10.182,11

Божиновска: Енергетската транзиција е шанса за жените и младите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари значајна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија, посветена на зајакнување на соработката за одржлив развој. На средбата се дискутираше
Go toTop