Ковачевски најави средба со сите политички партии за распределба на ресорите во техничката влада, но без присуство на медиуми

December 20, 2023
1 min read

Тој е уверен дека сите носители на листи од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои се шпекулира дека се Христијан Мицкоски, Владо Мисајловски, Драган Ковачки итн., ќе бидат поразени

Ќе има средба меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, но не пред очите на јавноста, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски на увид на регионалниот пат  Битола-Меџитлија, чија рехабилитација заврши и патот е пуштен во употреба.

На прашањето дали ќе го покани Мицкоски на договори за техничката влада, Ковачевски одговори дека техничката влада е законска одредба и дека има комуникација меѓу сите политички партии во парламентот.

Фото: Влада

„Законска одредба е техничката влада. Немојте да сметате дека нема комуникација меѓу сите партии. Откако партиските органи ќе заседаваат, ќе има средба која нема да биде најавена преку медиуми, туку ќе има нормален разговор за реализација на тоа што е определено согласно Законот, односно распределба на ресорите во техничката влада, изгласувањето на таа Влада во Собрание и подготовка за избори“,

кажа премиерот.

Тој е уверен дека сите носители на листи од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои се шпекулира дека се Христијан Мицкоски, Владо Мисајловски, Драган Ковачки итн., ќе бидат поразени.

„СДСМ ќе има кандидати кои ќе ги победат сите кандидати што ги набројавте“,

додаде Ковачевски.

Во однос на празното место во ДИК, премиерот рече дека составот е регулиран согласно закон.

„Парламентот и Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да постапи согласно закон и да го комплетира составот на ДИК“,

одговори Ковачевски.

Ниту ВМРО-ДПМНЕ сè уште ги нема официјално соопштено кандидатите иако во јавноста веќе кружат некои имиња.

Лидерите на парламентарните партии на почетокот на месецот постигнаа договор за датумите за претседателските и парламентарните избори кои треба да се одржат идната година. Првиот круг од трката за шеф на државата ќе се одржи на 24 април, а вториот круг ќе биде заедно со парламентарните избори на 8 мај. И 24 април и 8 мај 2024 г. се ден среда.

Премиерот Ковачевски, по средбата, рече дека согласно законот техничка влада, односно пржинска влада, ќе има од 28 јануари и законската обврска која тој како премиер ја има ќе се исполни.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Пентагон не му излегува есапот на оборување дронови со 2-милионски проектили

Следно

Агенција на ОН: Деведесет отсто од населението на Газа е раселено поради израелските напади

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop