Редиците зад мене се резултат на неспособноста на Оливер Спасовски и на Владата на СДС со ДУИ, кои што се неспособни да овозможат граѓаните на достоинствен начин да извадат лични документи!, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

И не случајно сме вечерва тука на импровизираниот пункт на МВР, каде што на минусни температури граѓаните се подложени да чекаат во редови надвор, за да извадат лични документи.

А, иста ваква слика со метеж и редици е и во пунктот во МТВ за издавање.

Јавноста мора да ја види вистинската слика за неспособноста на Оливер Спасовски, МВР и Владата на СДС.

Ова е срамно, ова е сликата за владеењето на СДС и ДУИ, редици за документи.

Ниту централата за закажување им работеше, ниту центрите за фотографирање им работеа на време, ниту сега имаат воспоставен систем за издавање на документи. Со еден збор – безредие!

МВР наместо да воведува ред, е извор на безредието во Македонија, несигурност и создава проблеми на граѓаните!

Почитувани,

Ако се сака за се има решение. Но, тоа во случај ако се не мисли на тендери и на криминал.

СДС мора да поднесе одговорност, а народот ќе ја испорача сметката за малтретирањето на следните избори!, рече Стоилковски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.