(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Исланд, евакуирани 4 000 луѓе од градот Гриндавик

December 19, 2023
3 mins read

Ерупцијата се случила на околу четири километри од рибарскиот град Гриндавик и почнала околу 22:17 часот по серијата мали земјотреси околу 21 часот, информираат од државната метеоролошка служба

Од рибарскиот град Гриндавик евакуирани се околу 4 000 жители

Вулкан во југозападен Исланд еруптираше вчера по неколку недели интензивна сеизмичка активност, соопшти државната метеоролошка служба.

Ерупцијата започнала околу 22:17 часот по серијата мали земјотреси околу 21 часот, се вели во соопштението од Метеоролошката служба.

Од рибарскиот град Гриндавик евакуирани се околу 4 000 жители.

Поради вулканската ерупција на полуостровот Рејкјанес, активиран е Координативниот центар за цивилна заштита.

„Сакаме да започнеме со тоа што воопшто нема да бараме од луѓето да ја посетат локацијата. Не знаеме колку е оддалечена ерупцијата од Гриндавик. Нема да биде јасно додека хеликоптер не прелета над локацијата“,

вели Хјордис Гудмундсдотир, офицер за информации во Агенцијата за цивилна заштита, пренесуваат локалните медиуми.

Повеќето од ерупциите се на полуостровот Рејкјанес, па затоа, како што вели Гудмундсдотир, е многу важно луѓето да не одат таму. Според него, нема никој останато во Гриндавик, но сепак вели дека тоа е можно.

„Вулканот не е во градот, иако не е далеку. И немаме точна локација. На работниците за итни случаи им треба време за да ја осигураат безбедноста на сите. Барањето луѓе не би помогнало во тоа. Затоа ние нагласуваме дека никој не треба да биде во областа“,

вели тој.

Британската метеоролошка служба објави мапа на ерупцијата на вулкан во Исланд, предупредувајќи дека ерупцијата започнала северно од Гриндавик.

„Сеизмичката активност заедно со мерењата на ГПС укажуваат дека магмата се движи кон југозапад и дека ерупцијата може да продолжи во правец на Гриндавик“,

соопшти британската метеоролошка служба.

Сите рути до градот Гриндавик ќе бидат затворени за патници во следните неколку дена поради вулканската ерупција.

„Би сакале да ги замолиме луѓето да не одат до ерупцијата и да запомнат дека гасовите од ова може да бидат опасни“,

објави Одделот за јавна безбедност на Исланд на Фејсбук.

Се додава дека ќе бидат потребни неколку дена за научниците да ја проценат ерупцијата и дека властите ќе ја преоценуваат ситуацијата секој час.

„Исто така, би сакале да ги замолиме возачите да ги почитуваат забраните и да покажат разбирање“,

се вели во соопштението.

Ерупцијата се случила на околу четири километри од рибарскиот град Гриндавик и недалеку од електраната Сварценги. Вулканолозите првично стравуваа дека ерупцијата претставува значителна закана и за градот и за геотермалната централа, но подоцнежните проценки покажале дека ситуацијата не е толку страшна како што се претпоставуваше претходно.

„Оваа ерупција е поголема од претходните во Рејкјанес“,

изјави вулканологот Магнус Гудмундсон за Њујорк Тајмс.

Во текот на изминатиот месец, исландските власти градеа голем насип дизајниран да ги пренасочи тековите на лава околу геотермалната централа Сварценги, која се наоѓа на нешто повеќе од шест километри од Гриндавик.

„Приоритет на владата ќе биде да ги заштити животите и инфраструктурата. Цивилната заштита го затвори погоденото подрачје. Сега чекаме да видиме што ни подготвуваат силите на природата. Подготвени сме и претпазливи“,

објави исландскиот претседател Гудни Т. Јоханесон на социјалната мрежа Икс по вулканската ерупција.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од 7 октомври во Газа израелските сили убија 97 палестински новинари

Следно

Бугарија забрани преработка на руска нафта од 1 март 2024 година

Latest from Blog

Божиновска: Поддршката од САД е значајна за реформите во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската
Go toTop