ОБСЕ за изборите во Србија: Вучиќ доминантен во кампањата, политичка поделеност, пристрасни медиуми и поткупување на гласачи

December 19, 2023
2 mins read

Германија оцени дека неправилностите кои ги утврдиле меѓународните набљудувачи на парламентарните избори во Србија се неприфатливи за земја која претендира да се приклучи на Европската Унија

Доминацијата на претседателот во изборната кампањата во Србија, и покрај тоа што тој не бил кандидат на изборите, дала неправедна предност на неговата партија во текот на изборниот процес. Ова е еден од прелиминатните заклучоци на набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДХР за изборите во Србија кои се одржаа во неделата.

„Иако изборите беа технички добро организирани, тие беа одржани во политички и социјално поделен амбиент“,

рече Рајнхолд Лопатка, лидер на мисијата на ОБСЕ.

Според него, учеството на претседателот доминирал во изборниот процес, а употребата на неговото име на една од изборните листи, заедно со пристрасното медиумско известување, довеле до нерамноправна борба.

Според извешајот на ОБСЕ/ОДИХР, изборите во Србија се одржале во време на висока поларизација и интензивна конкуренција меѓу различни политички опции.

На крајот од кампањата беа изнесени бројни тврдења за заплашување и малтретирање на граѓански активисти, борци за човекови права и новинари.

„Околу 6,5 милиони гласачи се пријавени за учество на предвремените избори. Гласањето беше подготвено ефикасно и транспарентно. Често одржување на предвремени избори во последниве години ја поткопало довербата во демократските институции. Изборниот ден во целина помина без проблеми, но беа забележани низа процедурални пропусти, меѓу кои чести ситуации кога избирачките места беа преполни, нарушување на тајноста на гласањето и бројни примери на групно гласање“,

додаваат од ОБСЕ.

Оттаму велат дека доминацијата на претседателот во кампањата, и покрај тоа што тој не бил кандидат на изборите, на неговата партија и дала неправедна предност.

„Дополнително, претходните препораки за подобрување на механизмите за надзор и воведување ограничување на трошењето на изборната кампања останаа неодговорени, што ја намали транспарентноста и ги зголеми можностите за големи трошоци за кампањата, потенцијално поткопувајќи ги шансите на опозицијата“,

набљудувачите на ОБСЕ.

Но, како што е наведено во соопштението, има бројни проблеми кои треба да се решат, а на овие избори набљудувачите констатираа злоупотреба на јавните ресурси, отсуство на граница меѓу извршувањето на јавната функција и активностите во кампањата, барања и притисоци врз гласачи, како и купување гласови.

Претходно, Европската Унија (ЕУ) посочи дека нема да се произнесе во врска со изборите во Србија додека мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа и Канцеларијата за човекови права и демократски институции (ОБСЕ/ОДИХР) не ги презентираат прелиминарните изборни резултати.

Германија оцени дека неправилностите кои ги утврдиле меѓународните набљудувачи на парламентарните избори во Србија се неприфатливи за земја која претендира да се приклучи на Европската Унија.

Германското министерство за надворешни работи на социјалната мрежа „Икс“ вчера напиша:

„Србија гласаше, но ОБСЕ пријави случаи на неовластено користење јавни средства, заплашување гласачи и купување гласови. Тоа е неприфатливо за земја која има статус кандидат за членство во ЕУ“,

објави германското министерство за надворешни работи.

Според Флориан Бибер, познавачот на приликите на Западен Балкан извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за изборите е јасен: 1. „Системските предности на владејачката партија создадоа неправедни услови“ 2. „пристрасност во медиумите, притисок врз вработените во јавниот сектор и злоупотреба на јавните ресурси“

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Елката ко државата, беда! Арсовска постави елка, скопјани негодуваат за нејзиниот изглед!

Следно

Во недела ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка во Скопје

Latest from Blog

Спасувачка акција во село Рајчани: Пет малолетни и едно возрасно лице извлечени од снегот

Во 09.53 часот преку Единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пет (5) малолетни лица и едно (1) возрасно лице дека поради обилните снежни врнежи

Нерасчистен снегот на автопатот Велес-Скопје – Камионите на „Македонија пат“ паркирани

Патот од Велес кон Скопје се соочува со сериозни проблеми поради неочистениот снег, особено за тешките товарни возила. Според фотографиите на Рацин.мк, автомобилите едвај поминуваат, а камионите на ЈП „Македонија пат“ не

ФОТО+ВИДЕО: Македонија пат со целокупната механизација и работна сила е на терен, во континуитет се вршиѐ расчистување на државните патишта

Ве информираме дека ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта – Македонија пат, со целокупната механизација и работна сила е на терен и во континуитет врши расчистување на државните патишта. Од

Мисајловски: Оддаваме почит на нашите загинати припадници, да го зачуваме споменот и да не го заборавиме нивното херојско дело

Денеска заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Лафчиски положивме венец со свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце каде пред 17 години во хеликоптерска несреќа трагично ги загубија своите животи

Втор круг претседателските избори во Хрватска

На повеќе од 6.500 избирачки места во Хрватска денеска во 7 часот почна гласањето во вториот круг од претседателските избори на кои учествуваат досегашниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац, поддржан
Go toTop