„Израелската Армија пушти кучиња напаѓачи врз ранетите во болница во Газа“

December 18, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Здравствените власти во Газа повикаа на истрага откако израелските сили беа обвинети дека користеле булдожери и пуштале кучиња напаѓачи за време на рацијата во болницата Камал Адван, јавува Анадолу.

Израелските сили извршија рација во болницата минатата недела откако ја опколија и гранатираа неколку дена.

На вчерашната прес-конференцијата, Мунир ал-Бурш, генералниот директор на болниците во Појасот Газа, и шефот на педијатрискиот оддел на болницата Хусам Абу Сафија, изјавија дека израелските сили уништиле некои делови од медицинската установа, не дозволувале пристап до помош и ги нападнале здравствените работници, ранетите и раселените цивили кои бараат засолниште.

Бомбардирани беа влезот на болницата и околината, истрели беа испукани во зградите во комплексот на болницата, вториот кат во кој се наоѓа породилното одделение беше бомбардиран. Директорот на болницата Ахмед ал Кахлут беше приведен и однесен на непозната локација.

„Израелските војници ги собраа раселените цивили и здравствените работници, кои побараа засолниште во болницата, во голема јама, полуголи и пуштија врз нив кучиња напаѓачи. Израелската градежна механизација ги уништи кислородната единица на болницата, резервоарот за вода, централната архива и аптеката“, рече тој.

„Израелските сили употребија булдожер за ископување голема јама во дворот на болницата и фрлија приближно 12 тела на оние што ги убија во јамата. Не знаеме дали има некој од ранетите меѓу оние кои беа фрлени во јамата. Бараме соодветна меѓународна истрага за овие грозоморни злосторства“, додаде тој.

Абу Сафија рече дека израелските војници пуштиле кучиња напаѓачи врз 75-годишно рането лице, кое починало следниот ден.

Тој рече дека слушнале врисоци кога израелските војници со булдожери поминале низ шаторите во дворот на болницата и се сомневаат дека некои луѓе биле згмечени до смрт.

Претходно, палестинската министерка за здравство Маи ал-Каила повика на меѓународна истрага за израелските дела.

Повеќе од 18.700 Палестинци се убиени во израелските напади од 7 октомври.

Според официјалните бројки, бројот на загинати во Израел изнесува 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Промовирана „Најди ме“, на македонски, албански и ромски јазик

Следно

Од полноќ нови цени на горивата

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop