Британскиот актер Тобајас Мензис за АА: „Гледањето на сликите од Газа е срцепарателно“

December 18, 2023
2 mins read

ЛОНДОН (АА) – ЗУХАЛ ДЕМИРЏИ –

Британскиот актер, добитник на Еми, Тобајас Мензис, кој го глуми сопругот на кралицата Елизабета, кралот Филип во ТВ-серијата „Круната“ за британското кралско семејство, изјави дека ситуацијата во Газа е потресна и дека сликите од убиените во израелските напади ги растажуваат многу, јавува Анадолу.

Мензис, кој на светската јавност ѝ е познат по улогите во ТВ-сериите „Игра на тронови“ и „Круна“, за Анадолу зборуваше за ситуацијата во Газа и прати порака до жителите на Газа.

Тој во саботата во Лондон, главниот град на Велика Британија, учествуваше на „тивок марш“ организиран од здравствените работници за Палестина, а во таа пригода изјави дека и самиот сакал да се солидаризира со здравствените работници, од кои многумина ги загубија животите во Газа.

„Ова е нешто што многу ми значи. Во последниве години работев одредена работа за хуманитарната организација ‘Медицинска помош за Палестинците’ и бев на Западниот Брег минатиот февруари. Бев со медицински работници на окупираните територии“, рече Мензис.

Тој потсети дека поради израелските напади врз Газа во изминатите недели оштетена е медицинската инфраструктура во регионот и дека загинале многу здравствени работници. На тоа, како што рече, не може да се остане рамнодушен.

Запрашан како се чувствува кога ги гледа сликите на убиените во Газа, Мензис рече: „Тие слики многу ме растажуваат. Затоа денес сакав да дојдам овде. Оваа ситуација во голема мера ја загрозува иднината на луѓето во Газа и го отежнува обезбедувањето медицинска помош за ранетите цивили. Ова што се случува е многу вознемирувачко.“

На прашањето за коментар за воведувањето цензура на познатите личности што ја поддржуваат Палестина и дали се плаши дека и самиот ќе биде подложен на цензура поради поддршката на Палестина, Мензис одговори:

„Мислам дека сето ова е лична одлука. Мислам дека минуваме низ многу тежок период на политички план. Тешко е да се биде на страната (на Палестина во услови на цензура), но јас чувствувам многу јасно дека навистина е важно да се разговара за основните прашања на меѓународното право во контекст на тоа како се водат конфликтите.“

Истакнувајќи дека на крајот ќе биде потребно решение во регионот и дека тој поддржува долгорочно решение, Мензиз истакна: „Мислам дека кршењето на меѓународното право (во Газа) нема да биде од корист за никого“.

Познатиот актер нагласи дека за решавање на долгогодишниот политички судир во регионот, прво мора да престанат нападите врз Газа, за на цивилите да може да им се достави помош, особено храна, вода и медицинска помош.

„Сето ова треба да се случи во краток рок, а на крајот мирното решение е првиот чекор кон изнаоѓање политичко решение. Со војна не може да се најде решение. Оваа одлука мора да биде политичка“, порача Мензис и заклучи:

„Ова е многу вознемирувачка ситуација. Сакам да кажам дека ми е многу жал. Ние сме навистина солидарни со нив и ја чувствуваме нивната болка. Толку многу деца, семејства, цивили се погодени од овој конфликт и да се гледа сето тоа е срцепарателно.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије продолжува со напорите за доставување итна хуманитарна помош за Палестинците

Следно

Отворен Oддел за онкологија во тетовската болница

Latest from Blog

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето

Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

Речиси 40 години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен. Мелиса Елисон (20) беше пронајдена мртва
Go toTop