Тројца загинати додека гледале нелегална трка на автомобили на автопат во Косово

December 17, 2023
1 min read

Во полицискиот извештај за случајот е наведено дека тројцата загинати, кои се на возраст од околу 20 години, биле удрени од автомобил кој изгубил контрола додека тие следеле нелегална трка меѓу автомобили на автопат

Илустративна фотографија / ФОТО: МИА

Три лица се загинати, а уште три други се повредени ноќеска во сообраќајна несреќа на автопатот „Ибрахим Ругова“ во близина на Призрен, пренесуваат косовските медиуми.

До несреќата дошло кога автомобил, што учествувал во нелегална трка на автопатот, ја загубил контролата и завршил во публиката.

Во полицискиот извештај за случајот е наведено дека тројцата загинати, кои се на возраст од околу 20 години и се од Ѓаковица, биле удрени од автомобил кој изгубил контрола додека тие следеле нелегална трка меѓу автомобили на автопат.

„На автопатот „Ибрахим Ругова“ во 22:45 осомничениот Косовец, возејќи по автопатот изгубил контрола над автомобилот и како резултат на тоа удрил во три машки лица. Како резултат на тоа, тројцата погодени го загубиле животот, додека други тројца се здобиле со повреди и биле испратени на лекарска помош. На местото на настанот излезе и обвинителот на случајот кој со негова одлука трите тела, по констатираната смрт од лекарскиот тим, се испратени на обдукција. По наредба на обвинител, осомничениот е приведен. Увид во врска со оваа несреќа се врши од страна на надлежните полициски единици“,

се наведува во полицискиот извештај пренесен од косовските медиуми.

Медиумот Репортери.нет објави и снимка на која се гледа брзото возење на автомобилот, а потоа се слуша звукот на сопирачките и ударот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Синдикат на полицијата во Македонија: Пратениците од власта не го одобрија предлогот за покачување на платите во Полицијата

Следно

Лукаревска од Кичево: Повеќе за сите е мерката за поголеми плати на работниците во приватните компании

Latest from Blog

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат

Вашингтон го менува фокусот, нов пристап кон западен Балкан – заврши периодот на „градење држави“

Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот за односите со Западен
Go toTop