Израелската војска призна дека по грешка убила тројца заробеници во Газа

December 16, 2023
1 min read

ТЕЛ АВИВ (АА) – Израелската војска вчера призна дека „по грешка“ убила тројца израелски заробеници во текот на борбата во Појасот Газа, пренесува Анадолу.

Како што пренесува „Times of Israel“, портпаролот на израелската војска Даниел Хагари, инцидентот го опишал како „трагичен“ и дека војската „ја сноси одговорноста“.

„Ова е подрачје каде војниците наишле на многу терористи, вклучувајќи и бомбаши самоубици“, рекол Хагари.

Хагари рекол дека меѓу убиените заробеници се Јотам Хаим и Самер Талалка. Идентитетот на третата личност не е објавен на барање на семејството.

Израелската војска соопшти дека отвора истрага за да се истражат околностите околу настанот.

Во вторникот израелската војска имаше објавено дека ги извлекла телата на двајца заробеници во воена операција во која загинале двајца војници, а неколкумина се повредени.

– Израелски напади на Појасот Газа

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.

На 24 ноември, во 07:00 часот по локално време, стапи на сила четиридневната хуманитарна пауза договорена меѓу Хамас и Израел, која потоа беше продолжена за уште три дена.

На 1 декември (петок), по завршувањето на хуманитарната пауза, израелската војска продолжи со своите интензивни напади низ Појасот Газа.

Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени над 18.800 Палестинци, а ранети се повеќе од 51.000 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Меѓу убиените најмалку 8.000 се деца, а 6.200 се жени.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИЗДРЖАВ, ИНАКУ СРЦЕТО ЌЕ МИ ПУКНЕШЕ ОД СРЕЌА, КАЖА ОПЕРСКАТА ПРИМАДОНА МИЛКА ЕФТИМОВА НА ИЗЛОЖБАТА НА НЕЈЗИНИТЕ ЛИЧНИ ПРЕДМЕТИ

Следно

Сообраќајот се одвива по една лента: Голем одрон на патот Македонска Каменица – Кочани

Latest from Blog

Локалитетот Куклица се уште е под узурпација: Една жена не ги пушта туристите, се вративме сите и странци и наши

Иако помина еден месец откако јавноста беше информирана дека татко и ќерка од Кратово го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, проблемот се уште не е надминат, бидејќи

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето
Go toTop