Израелските сили претепаа фоторепортер на Анадолу кој известуваше од Источен Ерусалим

December 15, 2023
1 min read

АЛ-КУДС (АА) – Денес израелските сили жестоко го претепаа фоторепортерот на Агенција Анадолу, Мустафа Алхаруф, ​​за време на извршување на своите работни обврски во окупираниот Источен ал-Кудс (Источен Ерусалим), поради што заврши во болница, јавува Анадолу.

Инцидентот се случи кога група Палестинци се собраа на молитва во округот Вади ал Џауз, во близина на џамијата Ал Акса, поради ограничувањата што израелските сили ги воведоа за петочната молитва во Ал Акса во последните 10 недели.

Израелската полиција, која постави барикади во тоа подрачје, најпрвин впери пиштол кон фоторепортерот на АА, Харуф, кој во тој момент го следеше инцидентот, а потоа го собори на земја и го удираше со нозете.

Харуф, кој претрпе тешки удари и се здоби со повреди по лицето и телото, со возило на брза помош е пренесен во болницата Макасид, во Источен ал Кудс.

Израелската полиција го нападна и снимателот Фаиз Абу Румаил кој беше до Харуф.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јане Ченто докажа дека притворот му беше наместен, но полицаецот кој лажеше доби само условна

Следно

Меџити: Нов дигитален мамограф и ултразвучен ЕХО апарат за Поликлиника Железара

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop