Еден загинат при превртување на чамец со нерегуларни мигранти во водите на Ла Манш

December 15, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Едно лице загина во водите на Каналот Ла Манш откако се преврти чамец со нерегуларни мигранти, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Спасувачката операција започнала синоќа и продолжила денес, јави францускиот радиодифузер БФМТВ.

Спасувачките тимови забележале над 60 мигранти во чамец на помалку од 8 километри од брегот на северниот француски град Гранд-Форт-Филип, и неколку мигранти во водата, од кои двајца биле во несвест.

Еден е прогласен за мртов, а другиот е пренесен во болница во градот Кале, Франција.

Француските власти ги пронајдоа останатите 64 мигранти, кои исто така се префрлени во Кале.

Каналот Ла Манш е една од главните маршути за илегални преминувања на оние што сакаат да дојдат до Велика Британија или Франција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски: Немаше пријава за украдено возило, туку „исчезнато е лицето, а возилото не било тука“

Следно

Министерката Петровска потпиша договор за набавка на делови за воздухоплови од Чешка со кој за прв пат се донесе системско решение за целосна функционалност на македонското воено воздухопловство

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop