Спроведувањето на договорите со Грција и Бугарија, дел од заклучоците од Самитот ЕУ-Западен Балкан

December 14, 2023
2 mins read

Меѓу останатите, во Декларацијата е и заклучокот со кој ЕУ ја нагласува потребата од спроведувањето на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Во овој дел од Декларацијата се посочува дека земјите од Западниот Балкан е потребно да се посветат на регионалната соработка и јакнењето на добрососедските односи, вклучително и со земјите членки на Унијата

Иднината на Западниот Балкан е во Европската Унија. Ова е клучната порака која се провлекува во Декларацијата од Брисел која на вчерашниот Самит ЕУ-Западен Балкан е усвоена од челниците на Унијата во консултација со лидерите на шесте земји од регионот.

Во Декларацијата, меѓу другото, се посочува дека ЕУ го поздравува постигнатиот напредок на земјите од Западниот Балкан во периодот од минатогодишниот Самит во Тирана наваму, и се повикува на забрзување на пристапниот процес на земјите врз основа на кредибилни реформи и принципот на сопствени заслуги.

Од вчерашниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Спроведување на договорите со Грција и Бугарија

Меѓу останатите, во Декларацијата е и заклучокот со кој ЕУ ја нагласува потребата од спроведувањето на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Во овој дел се посочува дека земјите од Западниот Балкан е потребно да се посветат на регионалната соработка и јакнењето на добрососедските односи, вклучително и со земјите членки на Унијата.

Од вчерашниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел

„Спроведувањето на билатералните договори, меѓу кои Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, останува значајно да се спроведат со добра волја и видливи резултати. Сѐ уште се неопходни одлучни дополнителни напори за да се поттикнат помирувањето и регионалната стабилност, а исто така и да се пронајдат и да се спроведат конечни, инклузивни и обврзувачки решенија во однос на регионалните и билатералните спорови и прашања меѓу партнерите, вкоренети во наследството од минатото – во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи…“,

се вели во овој дел од Декларацијата.

Дополнително, ЕУ ги повикува партнерите „да ги гарантираат правата на припадниците на малцинства и нивниот рамноправен третман“.

Исполнување на договорот меѓу Белград и Приштина

Покрај спроведувањето на Преспанскиот и Договорот за добрососедство, Европската Унија повикува и на спроведување на Охридскиот договор постигнат помеѓу Белград и Приштина без натамошно одложување или предуслови со цел нормализација на нивните заемни односи.

„Очекуваме конструктивен ангажман од двете страни, со добра волја и дух на компромис, за да се постигне брз напредок за нормализирање на нивните односи, што е од критично значење за безбедноста и стабилноста на целиот регион, и за да се обезбеди можност страните да продолжат по својот соодветен европски пат“,

се додава понатаму во Декларацијата.

Во оваа насока ЕУ очекува Србија и Косово да вложат одржливи напори за деескалација и да се воздржат од, како што се наведува, некоординирани дејства што би довеле до нови тензии и насилство, но и од реторика што не придонесува за нормализирање на односите.

Приближување на Западниот Балкан кон ЕУ со постепената интеграција

Во Декларацијата, меѓу другото, се истакнува и посветеноста за доближување на земјите од регионот кон Европската Унија, како и унапредување на нивната постепена интеграција, притоа, како што се посочува, носејќи конкретни придобивки за нивните граѓани за време на процесот на проширување.

Во овој контекст се нагласува Планот за раст за Западен Балкан кој неодамна беше презентиран од шефицата на Европската комисија, а кој има цел да го поттикне регионот да ги забрза реформите и да напредне со регионалната економска интеграција преку заедничкиот регионален пазар, врз основа на правилата и стандардите на ЕУ.

Во контекст на руската агресија врз Украина, ЕУ ја нагласува важноста од заедничко справување со негативното влијание од истата, јакнење на безбедноста и градење на отпорност на земјите од регионот како и справувањето со манипулациите, странските влијанија, дезинформациите и други хибридни и киберзакани, со кои се прават обиди за поткопување на стабилноста на регионот, демократските процеси и неговата перспектива за членство во ЕУ.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнува осмото издание на меѓународниот филмски фестивал „Winter Apricots“

Следно

100-годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Албанија и Туркије

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop