За Русија се „неприфатливи“ методите на Израел против Хамас

December 13, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес рече дека Москва не може да ги признае за „прифатливи“ методите на Израел против палестинската група Хамас, јавува Анадолу.

„Од самиот почеток, ние силно го осудивме терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз израелските цивили и итно повикавме на потребата да се потиснат таквите терористички активности. Но, во исто време, не можеме да ги признаеме како прифатливи оние методи кои Израел почна да ги користи против Хамас, од кои најмногу страдаа цивилите“, рече Лавров во говорот во Советот на Руската Федерација.

Велејќи дека Израел очигледно верува дека има право да го уништи Хамас на кој било начин, Лавров рече дека резултатот од таквата линија на размислување го гледаат преку огромниот број жртви во Појасот Газа од 7 октомври, кога започна офанзивата на Израел, по нападот на Хамас.

„Населбите се срамнети со земја, повеќе од 18.000 цивили веќе загинаа, оваа бројка се зголемува секој ден, две третини од нив се жени и деца. Ситуацијата е ужасна“, рече Лавров.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Добра во лоша вест: снемува барут

Следно

Спасовски: Се анализираат информации за нови аспекти кои произлегуваат од истрагата за убиствата на Вања и Панче

Latest from Blog

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop