Соработник на Мицкоски фатен со дрога во Охрид, ВМРО ДПМНЕ ќе го исклучи од партијата

December 10, 2023
1 min read

Во најитен рок ќе биде исклучен од партијата, соопштија од ВМРО ДПМНЕ, откако претходно СДСМ на прес-конференција обвини дека лице блиско до Христијан Мицкоски и градоначалникот Пецаков било фатено како употребува наркотични средства

Александар Толоманоски по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет Пештани во Охрид и во најитен рок ќе биде исклучен од партијата, соопштија од ВМРО ДПМНЕ, откако претходно СДСМ на прес-конференција обвини дека лице блиско до Христијан Мицкоски и градоначалникот Пецаков било фатено како употребува наркотични средства во угостителски објект.

Фотографија: СДСМ
Фотографија: СДСМ

„Толоманоски  по пријавата е разрешен, СДС наместо  двојни стандарди да повика на одговорност за задоцнетата реакција со трагичното киднапирање и смрт на малата Вања. Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од директорката на училиштето каде Толоманоски работел ќе побара поведување на дисциплинска мерка за прекинување на работниот однос“,

се вели во соопштението до медиумите од ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму повторно повикаа на одговорност од министерот Оливер Спасовски за двојното убиство на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Откако ги избришаа од репертоарот на Македонската филхармонија, новогодишен концерт на Ана Дурловски во Штутгарт

Следно

ОН повикуваат на хуманитарен прекин на огнот во Газа за да се спречи масовното раселување

Latest from Blog

Астон Вила „крена раце“ од Мартинез, ќе го купува Сузуки

фото: Le 12e Analyste @ResiliencePSG (X) Новинарот Екрем Конур денеска објави дека екипата на Астон Вила се подготвува за разделба со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез. Според Конур, англискиот клуб засилено работи

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“. Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Локалитетот Куклица се уште е под узурпација: Една жена не ги пушта туристите, се вративме сите и странци и наши

Иако помина еден месец откако јавноста беше информирана дека татко и ќерка од Кратово го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, проблемот се уште не е надминат, бидејќи

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува
Go toTop