Самит на Г7: Потребно е итно дејствување за да се намали бројот на цивилни жртви во Газа

December 7, 2023
1 min read

ТОКИО (АА) – Лидерите на земјите од Групата 7 (Г7) изјавија дека е потребна поитна акција за да се најде решение за влошената хуманитарна криза во Појасот Газа и да се намали бројот на цивилни жртви, јавува Анадолу.

На онлајн самитот на лидерите на Г7, чиј домаќин е Јапонија, се разговараше за актуелни прашања, вклучително и за Појасот Газа и руско-украинската криза.

Во заедничката изјава објавена на крајот на самитот беше наведено дека во однос на кризата на Блискиот Исток, „потребна е поитна акција за да се најде решение за влошената хуманитарна криза во Газа и да се минимизираат цивилните жртви“.

Во декларацијата се наведува дека тие поддржуваат „повеќе хуманитарни акции“ во обезбедувањето помош за регионот и се повикува Хамас „веднаш да ги ослободи сите заложници без предуслови“.

Со цел да се намалат изворите на приходи на Русија, која продолжува со нападите врз Украина, беше одлучено од следниот месец да се воведат ограничувања за увоз на руски дијаманти.

Се истакнува дека Г7 „ќе го ограничи капацитетот на Русија да ја финансира нејзината нелегална војна со преземање чекори што ќе ги ограничат нејзините енергетски приходи и идните екстрактивни капацитети“.

Соопштено е дека ќе се воведат ограничувања за увоз на „неиндустриски дијаманти ископани, преработени или произведени во Русија“, а постепено ќе се ограничува увозот на руски дијаманти преработени во трети земји.

Во својот говор на самитот, јапонскиот премиер Кишида Фумио најави дека неговата земја ќе обезбеди 4,5 милијарди долари финансиска поддршка за обновата на Украина.

Според јапонската новинска агенција Кјодо, украинскиот претседател Владимир Зеленски, говорејќи на онлајн самитот, го повторил својот повик до неговите колеги од Г7 да продолжат да ѝ помагаат на Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Групата на Палевски имала списоци за изнуди, киднапирања и ликвидации, тврди Ременски

Следно

Сто луѓе повредени во експлозија во магацин за експлозиви на Сејшелите

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop