Заедничка прес-конференција на Обвинителството и полицијата за убиството на Вања

December 4, 2023
1 min read

Спасовски и Бубевски се очекува да кажат повеќе информации за улогата на скопјанецот Љ.П., за кого се тврди дека е во бегство, како и за член на семејството, за кого наводно постојат сомневања дека е дел од групата вмешана во случајот

Се очекува и објаснување за квалификацијата ,,користољубие” која е употребена во вечерашното соопштение за мотивите за убиствата

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на ОЈО, Скопје, Гаврил Бубевски во зградата на Јавното обвинителство денеска во 9:30 часот ќе одржат прес-конференција, на која се очекува да соопштат детали за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која седум дена се водеше за исчезната.

Прес-конференцијата е закажана за 9:30 часот во просториите на Обвинителството.

Спасовски и Бубевски се очекува да кажат повеќе информации за улогата на скопјанецот Љ.П., за кого се тврди дека е во бегство, како и за член на семејството, за кого наводно постојат сомневања дека е дел од групата вмешана во случајот.

Се очекува и објаснување за квалификацијата ,,користољубие” која е употребена во вечерашното соопштение за мотивите за убиствата.

Вчера вечер од Обвинителството сооштија дека во текот на вчерашниот ден било пронајдено безживотното тело на Вања, како и дека од истрагата било утврдено дека таа е земена со возило од влезот на живеалиштето.

Од обезбедените информации од распитот, според ЈО, утврдено е дека Вања била убиена истиот ден (27.11.2023 г.) околу 10 часот.

Од ЈО потенцираа дека наспроти шпекулациите и дезинформациите според кои овој случај има етничка заднина, сите осомничени се од македонска етничка припадност.

„Веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, преземени се мерки и активности за нивно пронаоѓање, а во СВР Скопје беше формиран и посебен Оперативен штаб, на чело со началникот на СВР Скопје. Извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и др., извршени се бројни разговори со семејствата, познаниците, пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација, а во истражните дејства секојдневно беа вклучени неколку стотини полициски службеници кои работеа исклучиво на овие случаи. Увид на двете локации каде беа пронајдени телата на исчезнатите денеска извршија јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство Велес. Издадени се наредби за обдукции на телата на жртвите и за соодветна идентификација. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации“,

соопштија вчера вечер од Јавното обвинителство.

Според соопштението на Обвинителството, во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 г. беше пријавен за исчезнат.

Според ОЈО, од спроведените истражни дејствија, утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“.

Исчезнувањето на 14-годишната Вања беше пријавено во полиција минатиот понеделник во 8:35 часот изутрина, а случајот во јавноста го обелодени мајката на тинејџерката преку објава на социјалните мрежи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Во Кривичен донесен уште еден осомничен за убиствата на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче

Следно

Лидерска во сенка на трагедијата со Вања: Власта и опозицијата ќе договорат двојни избори во мај

Latest from Blog

Меџити: Серава добива инфраструктура по европски стандарди

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид на завршените градежни работи во населбата Серава, каде што е комплетно асфалтирана улицата „ЛПК“. Во рамки на проектот се уредени и пусетите, како

Wolt: Прогресивен двигател на дигиталната промена во Македонија

Лансирањето на Wolt во Македонија претставува повеќе од појава на уште една апликација за достава, тоа е пресвртница во дигиталната и економската трансформација на земјата. Говорејќи на годишната eCommerce конференција во Скопје,

Предлог закон за замена на македонските возачки дозволи во Република Словенија

Денес, на 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско потекло Сандра Газинковски како предлагач го презентираше Предлог-законот за измени и дополнувања

Конте: Ајнтрахт одигра добро „катанаџо“

Синоќа во рамките од новото коло во Лигата на Шампионите, тимот на Наполи, на чело со нашиот Елиф Елмас во составот на домашен терен одигра само 0:0 против екипата на Ајнтрахт. Иако
Go toTop