Обвинителството и МВР за утре во 9:30 ч. закажаа прес-конференција, се очекуваат детали за убиството на Вања

December 4, 2023
2 mins read

Прес-конференцијата е закажана во просториите на Јавното обвинителството

На пресот се очекуваат повеќе информации за улогата на скопјанецот Љ.П., за кого се тврди дека е во бегство, како и за член на семејството, за кого наводно постојат сомневања дека е дел од групата вмешана во случајот. Се очекува и објаснување за квалификацијата ,,користољубие” која е употребена во вечерашното соопштение за мотивите за убиствата

Јавното обвинителство и МВР утре на прес-конференција се очекува да соопштат детали за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која седум дена се водеше за исчезната.

Прес-конференцијата е закажана за во 9:30 часот во просториите на Обвинителството.

На пресот се очекуваат повеќе информации за улогата на скопјанецот Љ.П., за кого се тврди дека е во бегство, како и за член на семејството, за кого наводно постојат сомневања дека е дел од групата вмешана во случајот. Се очекува и објаснување за квалификацијата ,,користољубие” која е употребена во вечерашното соопштение за мотивите за убиствата.

Претходно вечерва од Обвинителството сооштија дека денеска било пронајдено безживотното тело на Вања, како и дека од истрагата било утврдено дека таа е земена со возило од влезот на живеалиштето. Од обезбедените информации од распитот, според ЈО, утврдено е дека Вања била убиена истиот ден (27.11.2023 г.) околу 10 часот.

„Веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, преземени се мерки и активности за нивно пронаоѓање, а во СВР Скопје беше формиран и посебен Оперативен штаб, на чело со началникот на СВР Скопје. Извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и др., извршени се бројни разговори со семејствата, познаниците, пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација, а во истражните дејства секојдневно беа вклучени неколку стотини полициски службеници кои работеа исклучиво на овие случаи. Увид на двете локации каде беа пронајдени телата на исчезнатите денеска извршија јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство Велес. Издадени се наредби за обдукции на телата на жртвите и за соодветна идентификација. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации“,

соопштија вечерва од Јавното обвинителство.

Оттаму потенцираат дека наспроти шпекулациите и дезинформациите според кои овој случај има етничка заднина, сите осомничени се од македонска етничка припадност.

Според соопштението на Обвинителството, во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 г. беше пријавен за исчезнат.

Според ОЈО, од спроведените истражни дејствија, утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“.

„Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица. Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило ‘цитроен’ и по извршени вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е ‘користољубие’“,

велат од ОЈО.

Инаку, исчезнувањето на девојчето беше пријавено во полиција во понеделникот во 8:35 часот изутрина, а случајот во јавноста го обелодени мајката на тинејџерката преку објава на социјалните мрежи.

Според објавата на мајката на девојчето, 14-годишничката тргнала од дома накај училиште во 7:20 часот по што ѝ се губи секаква трага.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Велибор Манев: Не го извршив убиството на Вања!

Следно

Лога: Одговорност и максимални казни за сторителите

Latest from Blog

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за министерот Тошковски

Со 7 гласа за и 63 против, Собранието не ја изгласа интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Претходно не беа изгласани ни интерпелациите на вицепремиерите Меџити и Стоиљковиќ.  Собранието,според деловникот за работа

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Собранието вечерва со седум гласа „за“, 63 „против“ и без ниту еден воздржан ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Селективното дејствување врз етничка основа за случувањата на 28

Не помина ни интерпелацијата за Тошковски

Вечерва во Собранието се гласаше за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Истата не е помина бидејќи 7 пратеници гласаа за, додека пак 63 гласаа против. ИЗВОР: ТВ 21

Гаши: Интерпелацијата на Даути не значи и нејзино разрешување, гласањето нема правно дејство

„Изјавите на одредени медиуми кои велат дека резултатот од гласањето за интерпелација наложува разрешување на г-ѓа Даути се неточни. Нагласуваме дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки
Go toTop