Сто дена пред избори: Талат Џафери – премиер на техничката влада, Јован Митрески – претседател на Собранието?

December 2, 2023
1 min read

Решението не е дефинитивно потврдено од партнерите во власта, но е најизвесната варијанта во овој момент на маса, додава изворот на ,,360 степени”. Со него би се постигнал баланс во распределбата на врвните функции во власта, ДУИ не би имала и премиер и претседател на парламентот во исто време, а во случај да не се избере шеф на државата, в.д. претседател би бил етнички Македонец

Талат Џафери од ДУИ да биде премиер на техничката влада сто дена пред избори, а Јован Митрески од СДСМ – нов претседател на Собранието. Ова, според извор на ,,360 степени” во владејачката коалиција, е најсериозната варијанта за спроведување на политичкиот договор постигнат меѓу Зоран Заев и Али Ахмети во 2020 година, во пресрет на парламентарните и претседателските избори в година.

Талат Џафери и Јован Митрески

Решението не е дефинитивно потврдено од партнерите во власта, но е најизвесната варијанта во овој момент на маса, додава изворот на ,,360 степени”. Со него би се постигнал баланс во распределбата на врвните функции во власта, ДУИ не би имала и премиер и претседател на парламентот во исто време, во случај да не се избере шеф на државата, в.д. претседател би бил етнички Македонец.

Досега јавно се појавија повеќе имињата на членови на ДУИ за потенцијален премиер на техничката влада меѓу кои не беше Талат Џафери, актуелниот претседател на парламентот. Јован Митрески, пак, кој е координатор на пратеничката група на СДСМ, при ваков можен расплет, се наметнува како логично решение за прв човек на Собранието.

В понеделник во Собранието ќе се одржи лидерска средба на која се очекува, меѓу другото, да се договори датумот, односно датумите за избори. Речиси извесно е дека на 8 мај ќе се одржат парламентарните и вториот круг од претседателските избори. Две недели претходно треба да се случи првиот круг од претседателската трка.

Се најавува и можност за укинување на институтот – техничка влада, со кој најголемата опозициска партија на сто дена пред изборите добива министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, како и дополнителни заменик-министри во неколку ресори со врзан потпис со министерот. Сепак, укинувањето не би важело за сегашните парламентарни избори, туку од тие по нив.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР: Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Следно

Етна повторно исфрла пепел и лава

Latest from Blog

Огромен пожар избувна во бар во Бангкок, најмалку 27 загинати, а осум се тешко повредени (ВИДЕО)

Пожарот започнал во близина на сцената на барот во популарниот кварт Чатучак, а потоа брзо се проширил, прекинувајќи ја струјата и зафаќајќи ја просторијата со чад, велат очевидци. Пожарникарите, кои пристигнале на

Астон Вила „крена раце“ од Мартинез, ќе го купува Сузуки

фото: Le 12e Analyste @ResiliencePSG (X) Новинарот Екрем Конур денеска објави дека екипата на Астон Вила се подготвува за разделба со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез. Според Конур, англискиот клуб засилено работи

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“. Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Go toTop