Ослободени 39 палестински жени и деца држени во израелските затвори

November 24, 2023
1 min read

АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Во рамките на договорот за размена на затвореници меѓу Израел и Хамас, од израелските затвори ослободени се 39 палестински затвореници, 24 жени и 15 деца.

Како што јави дописникот на Анадолу, набргу откако првата група од 13 заробеници ослободени од Хамас пристигна во Израел, 39 палестински затвореници од затворот Офер на окупираниот Западен Брег беа предадени на претставници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Стотици Палестинци се собраа пред затворот Офер во градот Рамала на Западниот Брег за да ги пречекаат затворениците.

Припадниците на израелската војска ги растераа Палестинците кои чекаа пред затворот со солзавец и шок-бомби. Палестинците одговорија со фрлање камења кон израелските сили.

Десетици Палестинци беа погодени од солзавец, на кои им беше пружена лекарска помош.

Според договорот за хуманитарна пауза во Газа, вкупно 50 Израелци кои ги држи Хамас ќе бидат ослободени во замена за 150 палестински затвореници од израелските затвори.

Четиридневната хуманитарна пауза меѓу израелската војска и Хамас стапи на сила утринава во сите области на Појасот Газа, привремено запирајќи ги нападите за размена на затвореници и влез на хуманитарна помош во енклавата.

Од почетокот на израелските напади врз Газа на 7 октомври загинаа 14.854 Палестинци, од кои над 6.150 деца и повеќе од 4.000 жени.

Во Израел загинаа 1.200 луѓе, од кои над 310 војници, додека 5.132 лица беа повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Следно

Облачно со врнежи од дожд, на планините снег

Latest from Blog

Николоски: Гевгелија добива нов лик, продолжува владината поддршка за општината

Старата чаршија во Гевгелија е обновена и повторно ставена во употреба, а поддршката од Владата за реализација на инфраструктурни и други проекти во општината продолжува, истакна вицепремиерот и министер за транспорт и

Проданоски со отчет за сработеното: Во Прилеп се реализираат 18 проекти вредни околу 12 милиони евра

Општина Прилеп во партнерство со Владата и ресорните министерства реализира 18 проекти поддржани со околу 12 милиони евра, информираа од ВМРО-ДПМНЕ пренесувајќи ја изјавата од прес-конференцијата на градоначалникот Дејан Проданоски. Според изнесените

Претставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина?

„Авионот слета на аеродромот Внуково“, изјави изворот на агенцијата, пренесе Анадолија. Порано во петокот, Аксиос, повикувајќи се на свои извори, објави дека Виткоф и Кушнер треба да патуваат во Москва и Киев
Go toTop