Израелската Армија дозволи влез на 8 камиони со гориво и гас во Газа преку граничниот премин Рафа

November 24, 2023
1 min read

КУДС (АА) – Израелската Армија денес соопшти дека дозволила влез на осум камиони со гориво и гас во Појасот Газа преку граничниот премин Рафа, како дел од договорот за хуманитарна пауза со кој привремено запреа засилените напади на Израел против Газа, пренесува Анадолу.

„4 танкери со гориво и 4 танкери со гас за готвење беа префрлени од Египет до организациите за хуманитарна помош на ОН во јужниот дел на Појасот Газа преку преминот Рафа“, се вели во соопштението на Канцеларијата за врски на Армијата со Палестинците, позната како Координатор на владините активности на териториите (COGAT).

„Горивото и гасот за готвење се наменети за функционирање на основната хуманитарна инфраструктура во Газа“, се додава во соопштението.

Влезот на камионите со гориво беше одобрен од израелската Влада како дел од хуманитарната пауза и договорот за размена на затвореници, што се очекува да се случи подоцна во текот на денот, соопшти Канцеларијата за врски.

Од 7 октомври, израелската Армија изврши задушувачка опсада на Газа за време на која на камионите со гориво им беше забранет влезот во енклавата.

Откако почнаа немилосрдните напади на Израел на 7 октомври и неговата опсада ги намали залихите на хуманитарна помош, агенциите на ОН во Газа, особено Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA), добија само многу мали количини гориво, критично за нивното континуирано работење.

Четиридневната хуманитарна пауза меѓу израелската Армија и палестинската група Хамас стапи на сила утринава во сите области на Појасот Газа, привремено запирајќи ги нападите за да се направи размена на затвореници и да се достави помош.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади во Појасот Газа по нападот на Хамас, при што загинаа повеќе од 14.854 Палестинци, вклучувајќи 6.150 деца и над 4.000 жени, според здравствените власти во енклавата.

Бројот на загинати во Израел изнесува околу 1.200, соопштија израелските власти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата ги овласти министерствата сами да одлучат за слетување на руски авиони, велат од МНР

Следно

Пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет” ќе работи и утре и задутре 

Latest from Blog

Николоски: Гевгелија добива нов лик, продолжува владината поддршка за општината

Старата чаршија во Гевгелија е обновена и повторно ставена во употреба, а поддршката од Владата за реализација на инфраструктурни и други проекти во општината продолжува, истакна вицепремиерот и министер за транспорт и

Проданоски со отчет за сработеното: Во Прилеп се реализираат 18 проекти вредни околу 12 милиони евра

Општина Прилеп во партнерство со Владата и ресорните министерства реализира 18 проекти поддржани со околу 12 милиони евра, информираа од ВМРО-ДПМНЕ пренесувајќи ја изјавата од прес-конференцијата на градоначалникот Дејан Проданоски. Според изнесените

Претставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина?

„Авионот слета на аеродромот Внуково“, изјави изворот на агенцијата, пренесе Анадолија. Порано во петокот, Аксиос, повикувајќи се на свои извори, објави дека Виткоф и Кушнер треба да патуваат во Москва и Киев
Go toTop