Русковска: Не сум изненадена од одлуката на Советот на ЈО, сега планирам да одам во пензија

November 23, 2023
4 mins read

Инаку, Русковска уште минатата година ги исполни условите за пензија, но го одложи заминувањето. Ваквиот чекор, како што ни изјави денеска, бил со намера да не им ја олеснува работата на Советот на јавните обвинители во врска со постапката против неа

Таа посочи оти е „разочарана што доста од предметите кои беа почнати додека јас бев шеф на тоа Обвинителство (за гонење организиран криминал и корупција) сè уште се неразрешени“, без да посочи на кои предмети конкретно мисли

Сега веќе поранешната јавна обвинителка и ексшефица на Обвнителството за гонење организиран и корупција (ОЈО ГООК), Вилма Русковска, за „360 степени“ вели дека денешната одлука на Советот на јавни обвинители за нејзино разрешување била очекувана.

Поранешната јавна обвинителка и ексшефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција / Фото: Архива

Русковска, која, како што веќе објавивме, денеска на седница едногласно беше разрешена од функцијата јавен обвинител поради претресот во Управата за финансиска полиција лани летото.

„Очекував ваква разрешница уште кога Дисциплинската комисија не го прифати како сведок професорот (Гордан) Калајџиев и очекував ваква одлука од Советот на јавните обвинители“,

вели таа.

На прашањето дали во целиот случај што се покрена против неа и уште две нејзини колешки, а го иницира државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, има „замешано прсти политиката“, Русковска кусо ни одговори:

„Дали е политичка одлука треба да кажат политичарите“.

Таа посочи оти е „разочарана што доста од предметите кои беа почнати додека јас бев шеф на тоа Обвинителство (за гонење организиран криминал и корупција) сè уште се неразрешени“, без да посочи на кои предмети конкретно мисли.

За натамошните планови, Русковска вели дека нема да поднесе жалба на одлуката на Советот на јавни обвинители.

„Планирам да поднесам документи за пензија“,

вели таа.

Инаку, Русковска уште минатата година ги исполни условите за пензија, но го одложи заминувањето.

„Не сакав да им ја олеснувам работата на Советот на јавните обвинители“,

рече таа на нашето прашање зошто се решила на ваквиот чекор и покрај дисциплинската постапка што беше поведена против неа.

Денеска во рамките на истиот предмет Советот на јавни обвинители едногласно ја одби и жалбата на обвинителката Ивана Трајчева како неоснована и го усвои предлогот на Комисијата за дисциплинска постапка да ѝ се изрече мерка намалување на платата за 30 отсто, во траење од шест месеци.

Момент од денешната седница на Советот на јавни обвинители / Фото: „360 степени“

Освен против Русковска и Трајчева, со дисциплинската постапка беше опфатена и обвинителката Елизабета Јосифоска, но таа беше ослободена од одговорност.

Членовите на Советот на денешната седница само гласаа по предлогот на Комисијата, но не дадоа образложение за едногласно донесената одлука.

Претседателката на Советот на јавните обвинители Душица Димитриеска и покрај инсистирањето на новинарите кои ја следеа седницата, не ги сподели причините, односно образложението за ваквата одлука, која ја донесоа едногласно.

Наместо тоа, Димитриеска рече дека одлуката ќе биде објавена на официјалната веб-страница на Советот.

Таа само кусо одговори дека разрешувањето е поради сторена тешка дисциплинска повреда.

„На денешната седница на Советот на јавните обвинители, членовите на Советот донесоа едногласна одлука да се одбие како неоснована жалбата поднесена од јавниот обвинител Вилма Русковска против решението на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност за јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција. Исто така од членовите на Советот предлогот на Комисијата за разрешување на јавниот обвинител беше едногласно прифатен. Писмено изработената одлука кога ќе б иде писмено изработена ќе биде објавена на веб-страната на Советот на јавните обвинители и ќе може подетално да се запознаете со истата“,

рече Димитриеска во изјава за медиумите по завршувањето на седницата.

Претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска / Фото: „360 степени“

На новинарско прашање дека на Советот му требаше долг период да одлучи по предлозите на Комисијата, претседателката кажа оти причината за тоа е што сите членови на Советот морале да бидат запознаени со дисциплинскиот предмет.

„Сите имаа непосреден увид во списите на предметот, се формираше комисија којашто изготви и мислење и со изготвеното мислење беа сите запознаени, така што тоа е процедура којашто мора да се запази во текот на работењето“,

рече Димитриеска.

За потсетување, информацијата дека Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност му предлага на Советот да ја разреши Рускоска и да ја намали платата на Трајчева, беше објавена на 30 март.

Инаку, на денешната седница не присуствуваше републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој е член на Советот, бидејќи, како што изјави и Димитриеска одговарајќи на новинарско прашање „тој е овластен предлагач и не треба да биде присутен“.

Во врска со одлуката за намалување на платата на обвинителката Ивана Трајчева за 30 отсто во траење од три месеци, претседателката на Советот рече дека таа од денеска е правосилна, а ќе ја спроведе Секторот за финансиски прашања при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Претресот од УФП од страна на ОЈО ГОКК беше извршен на 18 јули лани, а случајот беше отворен по анонимна кривична пријава поднесена на 2 мај 2022 година.

Тогашниот директор на УФП, Арафат Муареми, тогаш јавно обвини за незаконит претрес и се жалеше на суштествени недостатоци на наредбата за претрес и на начинот на постапување при неговото спроведување.

Судирот околу претресот, барем според јавните настапи, доведе до отворен антагонизам меѓу Русковска и Муареми, а резултира со суспензија и дисциплинска постапка против трите обвинителки од ОЈО ГОКК, кои ги иницира републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Тогаш, по налог на Јовески беше извршен и надзор, по што од Јавното обвинителство излегоа со соопштение дека констатирале пропусти во постапувањето при претресот во УФП, меѓу што посочија и дека во барањето за претрес до судот што го поднеле обвинителките било наведено дека има основи за сомнение за сторено кривично дело, а во списите од предметот имало само анонимна кривична пријава.

Муареми во меѓувреме поднесе оставка од директорската функција, а Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во јуни годинава под раководство на Ислам Абази ги затвори предметите против него бидејќи, како што соопштија тогаш оттаму, не нашло докази дека сторил кривично дело поврзано со службата.

Русковска, пак, овој предмет го наведе како еден од трите (заедно со тој за поранешниот генсек на Владата, Драги Рашковски и за станицата за технички преглед „Виа комерц“) што придонеле таа да биде суспендирана.

Републичкиот обвинител Љубомир Јовески во гостување на ТВ Телма на почетокот на април годинава тврдеше дека нема политика во случајот со суспендирањето и предлогот за разрешување на поранешната шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска. Причината за нејзината суспензија, како што посочи Јовески, е поради незаконитоста во предметот во врска со претресот во Финансиската полиција.

„Апсолутно нема политика. По тој предмет имаше само една анонимна кривична пријава која подолг период седела во фиоката на обвинителката Русковска. Првиот ден кога таа замина на одмор, дејствијата за наредба на претрес ги препуштила на обвинителката Ивана Трајчева, без да има преземено никакво претходно дејство по анонимната пријава. Во наредбата стои кривично дело примање награда за незаконито влијание, но од анонимната пријава немаше елементи за вакво кривично дело“,

рече Јовески во интервјуто за ТВ Телма.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Алтман бил избркан затоа што премногу далеку стигнал со ВИ

Следно

Катар: Хуманитарната пауза во Газа започнува утре

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Владата веќе донесе Акциски план за чист воздух со мерки кои се имплементираат, за значително да се намалат штетните честички потребно е и изградба на гасна централа

Борбата против загадувањето, посебно на воздухот, е долг процес кој бара стратешки пристап. СДС за време на седум годишното владеење не направи ништо и не преземаше никакви мерки за намалување на загадувањето

Инспектор нападнал началник во ОВР Радовиш – доби кривична пријава и суспензија

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени

Манаки прикажува: Бесплатни проекции на пет значајни регионални филмови

Пет значајни регионални филмови ќе бидат бесплатно достапни за публиката во Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија. Програмата почнува на 17. јануари во кината, а од 18. до

Читалната во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ повторно ќе работи нонстоп

Читалната во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ повторно ќе работи нонстоп, откако 1.700 студенти потпишаа онлајн петиција во која бараа продолжено работно време во пресрет на испитната сесија. Со оваа одлука, која ја
Go toTop