Вилма Русковска разрешена од јавен обвинител, Советот на ЈО гласаше едногласно

November 23, 2023
2 mins read

Советот на јавни обвинители денеска едногласно го усвои предлогот на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност за разрешување на обвинителката, откако против неа и уште две нејзини колешки беше поведена дисциплинска постапка поради претресот во Управата за финансиска полиција пред речиси една и пол година

Седница на Советот на јавни обвинители, фото: „360 степени“

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) веќе не е јавен обвинител.

Советот на јавни обвинители денеска едногласно го усвои предлогот на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност за разрешување на обвинителката, откако против неа и уште две нејзини колешки беше поведена дисциплинска постапка поради претресот во Управата за финансиска полиција пред речиси една и пол година.

Претходно членовите на Советот на ЈО едногласно одлучија да се одбие жалбата на Русковска во врска со предлогот за нејзино разрешување, по што се премина на гласање по предлогот за нејзино разрешување.

„Едногласно е усвоен предлогот на Комисијата за разрешување на Вилма Русковска од функцијата јавен обвинител“,

констатира претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска.

Во рамките на постапката по истиот предмет, Советот исто така едногласно ја одби жалбата на обвинителката Ивана Трајчева како неоснована и го усвои предлогот на Комисијата да ѝ се изрече мерка намалување на платата за 30 отсто, во траење од шест месеци.

Воедно, Советот донесе решение за престанок на функцијата јавен обвинител на Вилма Русковска.

Членовите на Советот само гласаа по предлогот на Комисијата, но не дадоа образложение за едногласно донесената одлука.

Седница на Советот на јавни обвинители, фото: „360 степени“

Дискусијата по точката 3 која се однесуваше на предметот траеше околу половина час, а јавноста беше исклучена заради заштита на угледот на обвинителите за кои станува збор.

Сепак, пред и за време на гласањето имињата на двете санкционирани обвинителки беа соопштени.

Против Русковска и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифоска беше отворена дисциплинска постапка од страна на Јавното обвинителство поради претресот во просторите на Управата за финансиска полиција летото 2022 година, додека директор на оваа институција беше Арафат Муареми.

Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност на 30 март годинава одлучи да му предложи на Советот на јавни обвинители Русковска да биде разрешена, Трајчева да биде казнета со намалување на платата за 30 отсто, додека Јосифоска беше ослободена од одговорност. Русковска тогаш не сакаше да го коментира предлогот за нејзино разрешување, но рече дека ќе се бори докрај со сите средства.

Предлогот за поведување дисциплинска постапка против трите обвинители го даде републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој дополнително ја суспендира Русковска од работното место уште во август 2022 година.

Претресот на УФП од страна на ОЈО ГОКК беше извршен на 18 јули лани и со него ескалираше антагонизмот помеѓу Русковска и тогашниот директор на Управата, Арафат Муареми.

Муареми тогаш јавно обвинуваше за незаконит претрес и најави и кривични пријави против трите обвинителки. Тогаш, по налог на Јовески беше извршен и надзор, по што од Јавното обвинителство излегоа со соопштение дека констатирале пропусти во постапувањето при претресот во УФП, меѓу што посочија и дека во барањето за претрес до судот што го поднеле обвинителките било наведено дека има основи на сомнение за сторено кривично дело, а во списите од предметот имало само анонимна кривична пријава.

Русковска, пак, овој предмет го наведе како еден од трите (заедно со тој за поранешниот генсек на Владата, Драги Рашковски и за станицата за технички преглед „Виа комерц“) што придонеле таа да биде суспендирана.

Републичкиот обвинител Љубомир Јовески во гостување на ТВ Телма на почетокот на април годинава тврдеше дека нема политика во случајот со суспендирањето и предлогот за разрешување на поранешната шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска. Причината за нејзината суспензија, како што посочи Јовески, е поради незаконитоста во предметот во врска со претресот во Финансиската полиција.

„Апсолутно нема политика. По тој предмет имаше само една анонимна кривична пријава која подолг период седела во фиоката на обвинителката Русковска. Првиот ден кога таа замина на одмор, дејствијата за наредба на претрес ги препуштила на обвинителката Ивана Трајчева, без да има преземено никакво претходно дејство по анонимната пријава. Во наредбата стои кривично дело примање награда за незаконито влијание, но од анонимната пријава немаше елементи за вакво кривично дело“,

рече Јовески во интервјуто за ТВ Телма.

На почетокот на јуни Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), чиј актуелен шеф е Ислам Абази, ги затвори предметите против поранешниот директор на Управата за финансиска полиција (УФП), Арафат Муареми, и вработени истражители бидејќи утврдило дека не постои основно сомнение дека пријавените ги сториле кривичните дела.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зеленски им порача на генералите да си гледаат војска, а не политика

Следно

Во Скопје се одржува годишниот самит „Жени во претприемништвото – клуч за зајакнување на економијата“

Latest from Blog

Холандските обвинители работат на блокирање на извозот на делови за авионите Ф-35 во Израел

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на холандскиот Врховен суд побара одобрување на одлуката на Апелациониот суд за стопирање на извозот на делови за борбените авиони Ф-35 во Израел, се вели во официјалното

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година. По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по
Go toTop