Антиисламскиот популист Вилдерс прв на изборите во Холандија: „Ние ќе владееме со државата“

November 23, 2023
1 min read

РОТЕРДАМ (АА) – Герт Вилдерс, лидерот на антиисламската и екстремно десничарската Партија за слобода (PVV), која според првите резултати е во убедливо водство на предвремените општи избори во Холандија, истакна дека повеќе нема да бидат игнорирани и додаде: „Ние ќе управуваме со државата“, јавува Анадолу.

Во своето обраќање до неговите поддржувачи по излезните анкети за гласањето и првичните резултати, кои покажуваат дека неговата партија е на прво место, Вилдерс рече: „Им се обраќам на другите партии; кампањата заврши и гласачите проговорија. Сега ќе мора да бараме сличности меѓу себе. Ќе мора да работиме заедно. Партијата за слобода освои 35 пратенички места, што ниту една партија не може да го игнорира. Доста ни е. Сакаме Холанѓаните повторно да бидат први и ќе го оствариме тоа.“

Тврдејќи дека според постигнатите резултати повеќе нема да можат да бидат игнорирани, а во спротивно ситуацијата би била крајно недемократска, што гласачите нема да го прифатат, Вилдерс рече: „Ние ќе управуваме со државата.“

Во изјавата за јавниот сервис НОС (NOS), расистичкиот лидер се обиде да ги ублажи своите претходни изјави и рече дека сака да биде премиер на сите, без разлика на нивната етничка и верска припадност и изрази надеж дека во разговорите за коалиција со другите партии ќе успеат да постигнат договор.

Во своето обраќање Вилдерс рече: „Имам надеж. Можам да разберам дека партиите не сакаат влада која постапува спротивно на Уставот. Нема да го сториме тоа. Нема да зборуваме за џамии, Куран, исламски училишта. Ќе зборуваме повторно да им се даде приоритет на Холанѓаните, што е нивна надеж.“

На предвремените општи избори одржани вчера во Холандија, според излезните анкети и првичните резултати, Партијата за слобода (ПВВ) предводена од Вилдерс беше прва со освоени 35 од вкупно 150 пратенички места во Парламентот. Следува блокот формиран од Лабуристичката партија (ПВДА) предводена од поранешниот потпретседател на Комисијата на ЕУ, Франс Тимерманс, и Зелената левица (ГЛ) со 25 пратеници.

Во споредба со претходните избори, либералната Народна партија за слобода и демократија (VVD), предводена од Дилан Јешилѓоз-Зегериус, на овие избори изгуби 10 пратеници и падна на третото место со 24 пратенички места. Питер Омцигт, кој беше избран од Христијанско-демократската унија на изборите во 2021 година, а подоцна ја напушти и ја основаше Партијата на Новиот социјален договор (NSC), за првпат учествуваше на избори и го зазеде четвртото место со 20 пратеници.

Омцигт, кој стана клучно име во собраниската аритметика, во претходните изјави рече дека нема да коалицираат со Вилдерс, но по првичните резултати избегнува да даде јасна изјава по ова прашање.

Партијата Денк, чии членови се претежно Турци и муслимани, како и на претходните избори, и на овие освои 3 пратенички места.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Студентите од „Пелагонија“ без топла вода

Следно

Бесими во Брисел – Продолжуваат активностите за Планот за раст на ЗБ дефинирани на состанокот во Скопје

Latest from Blog

СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто по што ќе може да ги паметиме надвор од криминалните скандали за набавки

Со голема сериозност ги разгледавме предлозите на СДС за аерозагадувањето прашувајќи се зошто, ако воопшто знаеле, како треба до пред 6 месеци со прст не мрднаа за да го решат ова горливо

Во Грција пристигна и последниот Рафал со што се комплетираше нарачката од 24 француски воени авиони

Во базата на грчкото воено воздухопловство во близина на Атина вчера пристигнал уште еден воен авион Рафал, со што се комплетираше набавката од 24 француски „ловци“, што Грција ги нарача во изминатите

Донација на Пекабеско за Детската клиника

Со оваа најнова донација, Пекабеско дава директна поддршка на активностите на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести преку донирање на еден инкубатор, два бебитерми и два перфузори директно наменети за Одделот за

Ердоган: Режимот на Асад ја претвори Сирија во фарма за производство на дрога

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека соборениот режим на Башар Асад ја претворил Сирија во центар за производство на дрога и извор на нестабилност во регионот, јавува
Go toTop