Ослободувањето на првите заложници од Појасот Газа во Израел нема да се случи пред петок

November 23, 2023
1 min read

Точните причини за одложувањето засега се нејасни. Според извештаите, дискусиите за точните услови на прекинот на огнот најверојатно сè уште не се финализирани

Ослободувањето на првите заложници од Појасот Газа во Израел нема да се случи пред петок, пренесе ДПА повикувајќи се на израелски медиуми.

Израелскиот советник за безбедност Цачи Ханегби изјави дека ослободувањето на заложниците нема да почне пред петок, јавија израелскиот весник „Харец“ и каналот Н12. Претходно се очекуваше првата размена да се случи денеска.

„Преговорите за ослободување на нашите заложници постојано напредуваат. Ослободувањето ќе почне според првичниот договор меѓу страните и не пред петок“,

ја цитира „Харец“ изјавата на Ханегби.

Точните причини за одложувањето засега се нејасни. Според извештаите, дискусиите за точните услови на прекинот на огнот најверојатно сè уште не се финализирани.

За потсетување, израелската влада се согласи на договор со Хамас за ослободување 50 жени и деца држени како заложници од палестинските милитанти во Газа во замена за четиридневен прекин на непријателствата и ослободување 150 Палестинци од израелските затвори.

Договор е постигнат: Прво примирје меѓу Хамас и Израел, се чека на ослободување на заложниците

Хамас држи околу 240 заложници, приведени на 7 октомври, кога неговите борци го нападнаа Израел и убија околу 1 200 луѓе, главно цивили. Појасот Газа, откако Израел прогласи воена состојба, е под постојани израелски напади. Според Хамас, 14 000 Палестинци се убиени во израелските напади.

Поврзани вести:

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно – претпладне со услови за локален дожд

Следно

Дали ќе помине во Советот? ЕП го прифати предлогот да се укине правото на вето при проширување на ЕУ

Latest from Blog

ЛШ: Историска ноќ и победа за Комо, „петарда“ за Бодо во Минхен, Манчестер Ј. силно против Сабах

Комо со стил дебитираше во Лигата на шампионите. Тимот предводен од Сеск Фабрегас славеше со 3:1 против Лајпциг на „Синигалија“ и оствари историска победа во своето прво појавување во елитното европско натпреварување.

САД до сојузниците во НАТО: Напуштете го Меѓународниот кривичен суд и прекинете им ја поддршката

На состанокот на амбасадорите на 32 членки на НАТО зад затворени врати во Брисел кон средината на јули, американскиот претставник Метју Витакер побара од сојузниците да го напуштат Римскиот статут, основниот документ

Медведев: Нашето трпени не е бесконечно, останува нуклеарната опција

Во интервју објавено денес, Медведев ги отфрли толкувањата дека реториката на неговата земја за употребата на нуклеарно оружје е само низа „навестувања“, објави весникот „Ведомости“. „Ова не е тактика на заплашување, туку

Лавеци има сериозни психички проблеми (ВИДЕО)

Некогашната аергентинска фудбалска звезда, Езекил Лавеци, кој славата ја стекна во Наполи односно ПСЖ, во моментов има 41. година и објави во јавноста дека се соочува со сериозни психички проблеми. Додаде дека
Go toTop