Столтенберг од Скопје го поздрави договорот меѓу Хамас и Израел за ослободување на заложниците

November 22, 2023
2 mins read

Регионалната безбедност, војната во Украина, како и конфликтот на Блискиот Исток ќе бидат темите на кои ќе ги дискутираат Столтенберг и лидерите на земјите членки на НАТО од регионот на неформалниот самит што денеска се одржува во Скопје

Генералниот секретар Јенс Столтенберг од Скопје го поздрави договорот меѓу Хамас и Израел за ослободување заложници, постигнат со посредство на Катар и САД.

Генералниот секретар на НАТО пред почетокот на неформалниот самит на земји членки на НАТО од регионот / Фото: Влада на РСМ

„Го поздравувам договорот меѓу Хамас и Израел кој треба да води кон ослободување на заложници и пауза во непријателставата и да овозможи испорака на хуманитарна помош“,

рече Столтенберг во пред новинарите пред почетокот на неформалниот самит на лидерите на земјите сојузнички во НАТО од регионот, кој денеска се одржува во Скопје.

Инаку, Столтенберг пред почетокот на состанокот повтори дел од пораките што вчера ги упати на прес-конференцијата со премиерот Димитар Ковачевски, како и во неговото обраќање пред пратениците во Собранието.

Генералниот секретар на НАТО ја посочи земјава како успешен пример на мултиетничко општество и ценет сојузник во Северноатлантската алијанса.

„Дозволете да почнам со тоа што ќе се заблагодарам за вашето лидерство, за вашата лична посветеност на НАТО, на Трансатллантската алијанса и тоа што Северна Македонија е успешен земја на многу различни начини, вклучувајќи го и тоа што е успешно мултиетничко општество, демонстрирајќи му на поширокиот регион и на светот дека луѓе со различна заднина можат да живеат заедно во мир“,

рече шефот на НАТО пред почетокот на состанокот.

Момент од кратките обраќања на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на неформалниот самит / Фото: Влада на РСМ

Регионалната безбедност, војната во Украина, како и конфликтот на Блискиот Исток ќе бидат темите на кои дискутираат Столтенберг и лидерите на земјите членки на НАТО од регионот.  

„Северна Македонија е високоценет сојузник и тоа се демонстрира со фактот што денеска го одржуваме овој самит на лидерите на НАТО овде. Се нетрпение ја очекувам да дискутирам за регионалната безбедноста со лидерите на земјите сојузници во НАТО од регионот, како и да ги адресираме некои од предизвиците со коишто се соочуваме надвор од овој регион. Гледаме поголем глобален натпревар, поголем натпревар во моќ, војната во Украина и понатаму беснее, има нова војна на Блискиот Исток“,

кажа генералниот секретар на НАТО.

Неговиот домаќин, премиерот Димитар Ковачевски, во изјавата пред почетокот на самитот рече дека му е драго што Северна Македонија е домаќин на неформалниот состанок на лидерите на земјите членки на НАТО од регионот, со што уште еднаш се потврдува нашата улога на фактор на безбедност во регионот, како и земја членка на Алијансата која целосно и посветено е насочена кон исполнување на своите обврски.

Премиерот на РС Македонија, Димитар Ковачевски / Фото: Влада на РС Македонија

„На денешниот состанок ќе разговараме за регионалните безбедносни прашања, меѓутоа секако дека ќе разговараме и за клучните теми во однос на војната во Украина, конфликтот којшто се води во Појасот Газа, како и за сите други прашања кои се однесуваат на градење на долгорочен мир, стабилност и безбедност во нашиот регион, меѓутоа и во Европа и во светот“,

рече македонскиот премиер Ковачевски.

На неформалниот самит денеска во Скопје учествуваат премиерот на Албанија, Еди Рама; претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ; премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ и премиерот на Словенија, Роберт Голоб.

Со денешниот самит во Скопје генералниот секретар на НАТО ќе ја заокружи неколкудневната турнеја на земјите од Западен Балкан, во рамките на која ги посети Босна и Херцеговина, Косово, Србија и вчера и денеска С Македонија.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден нема „когнитивна способност“ да служи уште еден мандат

Следно

Пендаровски се обрати на конференцијата на Уставниот суд: Во иднина Уставниот суд треба уште поактивно да се профилира како заштитник на човековите права и слободи

Latest from Blog

Осуден поранешен претседател на Јужна Кореја

Централниот окружен суд во Сеул утврди дека Јун го прекршил Законот за политички фондови, што е различна пресуда од посебен судски случај во кој неговата сопруга, поранешната прва дама Ким Кион-хи, беше

Костадиновска-Стојчевска : Разрешувањето на Љутков е признание на власта дека ја уништи културата

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница за Предлогот за разрешување членови на Владата, рече дека разрешувањето на министерот за култура Зоран Љутков е признание за неговото неуспешно работење и

Проданоски: „Водовод и канализација“ интензивно работи на проблемот со водоснабдувањето

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ од раните утрински часови се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот на примарната водоводна линија на

Вештакот Марковски: Галериите и шанковите изградени во 2024 ја блокирале евакуацијата во дискотеката „Пулс“

Доградбите и измените направени во дискотеката „Пулс“ во Кочани во текот на 2024 година дополнително ја отежнувале можноста за брза евакуација на гостите во случај на опасност, посочи градежниот вештак Горан Марковски

Берзански извештај: Индексот МБИ10 ослабе, промет од над 37 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 13.07.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.152,62 поени. Во
Go toTop