Столтенберг во Скопје се сети на неговото детство, прв пат јадел сладолед и полнети пиперки во Југославија

November 21, 2023
2 mins read

Столтенберг во 2018 година бил на отварањето на Столтенберговата улица, улица која го носи името на неговиот татко, кој е почесен граѓанин на градот Скопје. Неговите родители биле посветени да помогнат и за време на земјостресот во 1963 година, тие ја координирале помошта која доаѓала од Норвешка, но им помогнале на многумина кои останале без дом. Тие помогнале во трансформацијата на болницата во „Козле“, како институт за респираторни болести за децата

Столтенберг информираше дека на утрешниот неформален состанок на лидерите на НАТО сојузници што ќе се одржи во Скопје, ќе разговараат за Западен Балкан и безбедносните прашања во поширок контекст, како што е руската воена агресија против Украина и активностите во регионот

Земјите од поранешна Југославија, за генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг имаат посебна емотивна поврзаност.
Таа е длабоко врежана во спомените од неговото детство, од кое три години поминал овде како дете на норвешкиот амбасадор во поранешна Југославија.
Столтенберг на пратениците во Собранието им ја раскажа својата емотивна блискост со овој дел од Европа, откривајќи дека првиот сладолед го јадел во Југославија, а овде за него биле голем дел други почетоци.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во говорот во Собранието рече дека Западен Балкан секогаш му бил блиску до срцето.

Кога бев дете мојот татко работеше во Норвешката амбасада во поранешна Југославија. Тука живеевме три години. Тогаш прв пат го вкусив мојот прв сладолед, ги јадев моите први полнети пиперки. Ги слушав детските песни. И навистина имам пријатни спомени од моето детство во поранешна Југославија. И оттогаш многу пати сум се вратил во овој регион, сум се вратил и во Република Северна Македонија, за да посетам пријатели, како норвешки политичар, но и како генерален секретар на НАТО,

рече тој.

Столтенберг во 2018 година бил на отварањето на Столтенберговата улица, улица која го носи името на неговиот татко, кој е почесен граѓанин на градот Скопје.

„Тоа беше признание на неговите напори и на напорите на мојата мајка да им се помогне на оние кои беа погодени од земјотресот во 1963 година. Моите родители беа посветени да помогнат, тие ја координираа помошта која доаѓаше од Норвешка, но им помогнаа на многумина кои останаа без дом заради оваа природна катастрофа. Тие помогнаа во трансформацијата на болницата во „Козле“, како институт за респираторни болести за децата“,

рече Столтенберг.

Отткука, затоа, овој дел од светот е многу важен за мене, за моето семејство, но и важен за НАТО.

„Кога се распадна Југославија, со колапсот на комунизмот, вашата држава беше уникат, единствена која се здоби со независнот без да биде пролеана капка крв. На почетокот на 2000 година НАТО силите помогнаа во мирот на оваа држава. Денес, С Македонија е пример за успешно мултуетничко општество, покажува дека различностите можат да живеат заедно, во мир. Ужасното насилство во 90-тите години го смени Западен Балкан и го смени НАТО“,

нагласи Столтенберг.

Столтенберг информираше дека на утрешниот неформален состанок на лидерите на НАТО сојузници што ќе се одржи во Скопје, ќе разговараат за Западен Балкан и безбедносните прашања во поширок контекст, како што е руската воена агресија против Украина и активностите во регионот.

Потенцираше дека Западниот Балкан е есенцијален за безбедноста во Европа.

На неформалниот состанок, премиерот Димитар Ковачевски утре ќе ги пречека поканетите лидери од Албанија, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Столтенберг, кој е во официјална посета на нашата држава, во своето обраќање во Собранието денеска порача дека токму оваа средба ја одразува важноста која ја придаваат на Северна Македонија како членка на НАТО.

„Во последните неколку дена сум во посета на Западен Балкан. Ги посетив Босна и Херцеговина, Србија и Косово, а утре ќе се сретнам со лидерите на наши сојузници од Албанија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Северна Македонија. Токму оваа средба ја одразува важноста која ја придаваме на Северна Македонија како членка на НАТО. Вие со пример покажувате како луѓето од различни етнички и религиски позадини може да живеат заедно и да градат држава“,

рече Столтенберг.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одбележување на 140 години од раѓањето на Никос Казанѕакис на Филозофски факултет

Следно

Не гледам зошто Лавров би дошол во Скопје, вели министерката за одбрана Петровска

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop