Телата на десетици Палестинци од северните делови на Газа доведени во болниците

November 18, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Телата на голем број Палестинци убиени од страна на израелската војска во северните делови на Појасот Газа се донесени во болниците, известува Анадолу.

Палестинското МВР на владата во Газа објави соопштение во кое потсетува дека Израел во своите брутални напади бомбардира цивили.

Во соопштението се наведува дека телата на голем број Палестинци загинати во нападите на израелската војска во различни делови на северниот Појас Газа се префрлени во Индонезиската болница и во болницата „Кемал Адван“.

Не е даден точниот број на тела кои се префрлени во болниците.

Локалните медиуми информираа дека 63 тела во утринските часови де донесени во Индонезиската болница.

Израел спроведува немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7. октомври.

Оттогаш во овие израелски бомбардирања се убиени повеќе од 12.000 Палестинци, од кои над 5.000 деца и 3.300 жени, а 30.000 лица се ранети.

Во соопштението се наведува дека околу 3.750 луѓе се водат за исчезнати, од кои 1.800 се деца.

Во израелските бомбардирања животот го загубија и 200 медицински лица, 22 припадници на цивилната одбрана и 51 новинар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

При претреси во Скопје пронајдени кокаин, екстази, кристал мет и марихуана, приведени двајца дилери

Следно

Промоција на книгата „Чашуле: приказнувачот“ од Ана Стојаноска

Latest from Blog

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во

Манчини пресече: Десетмина фудбалери не патуваат со Италија во Турција

Роберто Манчини реши веднаш да реагира по разочарувачкиот старт на Италија во новото издание на Лигата на нации. Италијанскиот селектор направи голем „рез“ во составот и дури десет фудбалери нема да патуваат

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок. Кинеската
Go toTop