Во ДУИ преовладува ставот за истовремено одржување на парламентарните и претседателските избори – вели Бујар Османи

November 13, 2023
2 mins read

Во ДУИ преовладува малку ставот дека, заради логиситички, финансиски и административни причини, треба можеби заедно да се оди. Но, нема сè уште утврден став бидејќи не заседавале официјално телата на партијата – вели потпретседателот на Демократската партија на Албанците

Османи вели и дека ДУИ очекува да се реализира политичкиот договор со СДСМ во последните сто дена пред избори Владата да ја води премиер Албанец, отфрлајќи ги како неточни јавните наводи дека технички премиер би можел да биде Фатмир Битиќи, кадар на СДСМ

Во ДУИ преовладува мислењето за одржување парламентарни избори истовремено со претседателските, вели за емисијата „360 степени“ на МРТ 1 министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи. Според него, партијата сè уште нема официјален став во однос на ова прашање, но се прават, како што вели, координации на дневна основа и сите опции се отворени. За ДУИ, сепак, се прифатливи двете варијанти, вели Османи.

„Во ДУИ преовладува малку ставот дека, заради логиситички, финансиски и административни причини, треба можеби заедно да се оди. Но, нема сè уште утврден став бидејќи не заседавале официјално телата на партијата. Јас очекувам во текот на месецот да се завршат тие состаноци, но сепак преовладува мислење дека на три месеци, два изборни циклуса, премногу ќе ја чинат државата. Не само финансиски туку системот се парализира“,

рече тој.

На прашањето за претседателски кандидат, Османи вели дека ДУИ се уште нема прецизирано дали ќе настапи со свој. Ги разгледуваат двете варијанти и ќе се позиционираат во зависност од тоа дали ќе има заеднички избори, додава тој.

Според него, се уште се размислува и за можни предизборни коалиции.

„Османи: Не можам да кажам, не знам колку се созреани условите за тоа.

360°: За со СДСМ?

Османи: Да. Нема финална одлука, но зборувам за опциите што доминираат.

360°: А со Алијанса за Албанците?

Османи: Постои можност, но ќе видиме како ќе одлучат двете партии, ние сме две самостојни партии, доколку гледаме можност од тоа да се изгради посилна политичка платформа, зошто да не.“

Во последните сто дена пред избори Османи очекува да се почитува договорот со СДСМ за премиер Албанец.

„Османи: Доколку изборите се заеднички, почеток на јануари влегуваме во последните сто дена и очекувам тогаш да имаме премиер предложен од ДУИ. Доколку е другото сценарио, тогаш се други рокови, меѓутоа договорот останува.

360°: Деновиве се слушаат и други опции, да биде премиерот Албанец, меѓутоа да биде кадар на СДСМ, на пример – Фатмир Битиќи се спомнуваш како опција.

Османи: Не. Со цела почит кон Битиќи, меѓутоа рековме дека мнозинската волја на Албанците мора да се одразува во институциите.“

За изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека ДУИ ќе замине во опозиција по изборите, бидејќи тој за коалиционен партнер во Владата ги фаворизира партиите од албанската опозиција, Османи вели дека станува збор за анти-ДУИ кампања и за албанофобија.

„Штом Мицкоски фаворизира албански претставник, тоа кажува се за нив. Мене би ми било незгодно да ме фаворизира Мицкоски. Се сеќавате на Заев кога научи албански и на митинзите велеше: ‘Псе јо? Зошто да не ДУИ во опозиција’? И после видовте. Во суштината на таква анти-ДУИ кампања е албанофобија, која се обидуваат да ја искористат кај понационалистичко гласачко тело, за да профитираат. Кога се чувствуваат во криза од губење на тврдокорно гласачко тело, одат кон варијанта да ги мобилизираат и нив, за да излезат посилни на изборите“,

оценува потпретседателот на ДУИ.

За опцијата за формирање концентрациска влада по изборите, заради носење на уставните измени, Османи вели дека не е разговарано, но трите договори (Рамковниот, со Бугарија и Преспанскиот, н.з.) за ДУИ се „црвените линии“.

„Државата не може сама без преговарачки процес со ЕУ. Ова одложување и пропуштање на геополитичкиот момент ќе не чини многу и граѓаните ќе сфатат за неколку месеци што им направи опозицијата со блокирање на процесот“,

додава Османи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Незири: Албанците никогаш немале поголема моќ од сега, со ДУИ и Алијанса

Следно

Сончево и топло преку ден, наутро магла

Latest from Blog

Пирло е главен кандидат за селекторското место на Италија

ФОТО: FC Juventus/FB Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, е главен кандидат за нов селектор на Италија. Познатиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека новата структура на италијанската федерација предводена од Паоло

ОВА Е ЖЕНАТА, РУСКИ ШПИОН, која била уфрлена кај Епштајн да ја следи западната политичка и бизнис елита

Агент на руската безбедносна служба ФСБ живеел со Епштајн со години, собирајќи компроматирачки информации и материјали за мировната елита и службениците, објави Le Monde и The Newsground. Покрај неговиот интерес за млади руски жени

Со 69 гласа изгласани се новите министри во Владата

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Новите министри ја добија довербата од пратениците и во наредниот период ќе раководат

Ал-Наср во финансиски проблеми: Соиграчите на Роналдо добиле само пола плата за јуни

Ал-Наср, каде што игра Кристијано Роналдо, се соочува со финансиски тешкотии. Неколку од играчите на тимот наводно добиле помали плати од нивната целосна плата за јуни, но раководството на клубот работи на

Французин во Сингапур ја излижа сламката и ја врати меѓу чистите. СУДЕЊЕТО МУ Е ОДЛОЖЕНО (ВИДЕО)

Судењето на 19-годишен Французин обвинет дека се снимал себеси во Сингапур како лиже сламка од машина за сок, а потоа ја враќа во садот, е одложено бидејќи обвинителите се обидуваат да разјаснат
Go toTop