Османи за изнајмувањето возила за собирот на ОБСЕ: Не можам да кажам дека немало договарање меѓу потенцијалните конкуренти

November 13, 2023
2 mins read

Очекувавме дека ќе има четири-пет понуди и на крај ги отвораат понудите – испадна една. Не е мое да испитувам дали тие го поделиле пазарот, дали се договараат меѓу себе за да не си конкурираат еден на друг – тоа не е работа на Министерството. Ние отвораме понуди, таа што е најповолна – ја потпишувам, вели министерот за надворешни работи за рамковната спогодба на изнајмување возила за претстојниот собир на ОБСЕ во која поединечните дневни цени по возило се и неколкукратно повисоки од редовните

Бујар Османи – министер за надворешни работи на РСМ

Опозициски шпекулации се контроверзиите околу јавните набавки за министерскиот собир на ОБСЕ што ќе се одржи на крајот на месецов во Скопје, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој е и актуелен претседавач на Организацијата.

Во однос на трошокот на МНР за наем на возила за претстојниот Министерски совет на ОБСЕ, во вкупен износ на рамковната спогодба од речиси еден милион евра, шефот на македонската дипломатија вели дека само една фирма се пријавила на тендерот и оти не знае дали позадински имало договарање меѓу компаниите. Тој нагласува дека се работи за рамковна спогодба и дека не значи оти ќе се потроши вкупниот износ.

Османи: Ние прво имавме дилеми дали воопшто ќе најдеме толку коли во државата, бидејќи се работи за тип кој го определува водичот на ОБСЕ, јасно вели за кои држави треба блиндирано, каква марка на возило треба.

360°: Колку домашни државни коли ќе ангажирате?

Османи: Јас очекувам дека повеќе од половината ќе ги обезбедиме од институциите, затоа ова ни е рамковна спогодба. Значи, ние можеме само едно возило да искористиме, ако најдеме 99 отсто од институциите. Теоретски, може една или ниту една, јас немам обврска ниту една да платам. Но, што се случи, кога го испитувавме пазарот, информациите од комисијата беа дека може да има 4-5 агенции коишто можат да обезбедат (н.з. возила). Никој нема толку, но ќе обезбедат од цела држава, од регионот ќе соберат. И ние очекувавме дека ќе има 4-5 понуди и, на крај, ги отвораат понудите – испадна една. Тука не е мое да испитувам дали тие го поделиле пазарот, дали се договараат меѓу себе за да не си конкурираат еден на друг – тоа не е работа на Министерството. Ние отвораме понуди, таа што е најповолна ја потпишуваме.

Од договорот за наем на возила склучен меѓу МНР и фирмата „АБЦ рент а кар турс“

На новинарска констатација дека поединечните дневни цени по возило од рамковната спогодба што ја има склучено МНР, неколкукратно отстапуваат од редовните, Османи кажа:

„Испитувавме, тие велат прво дека не се нивни сите возила, позајмуваат од цела држава, па дури и надвор од државата и дека тоа ја поскапува редовната цена. Но, повторно ќе кажам, не можам да речам дека немало некој договор меѓу нив, затоа што ние, според тестирањето на пазарот, очекувавме да има 4-5 конкуренти и на крај се јавува само една. Но, пак ви велам, тие што се разбираат во јавни набавки знаат дека вие немате многу простор тука – отворате, проверува комисијата дали ги исполнуваат условите, која е најповолната понуда – таа. Една грешка, вие завршувате во затвор, нема многу можност некој да прави субјективни одлуки“.

Во Скопје на крајот на месецов треба да се одржи Министерски совет на ОБСЕ, најголем меѓународен настан досега организиран во земјава. Се очекуваат околу 1 000 учесници од 76 делегации. По тој повод, Османи вели дека се резервирани петте најголеми хотели во државата и неколку други.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Музеј на Македонија ќе се одржи форум „Опасност по културното наследство при воени конфликти – состојби, обврски и мерки за заштита“

Следно

Незири: Албанците никогаш немале поголема моќ од сега, со ДУИ и Алијанса

Latest from Blog

Пирло е главен кандидат за селекторското место на Италија

ФОТО: FC Juventus/FB Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, е главен кандидат за нов селектор на Италија. Познатиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека новата структура на италијанската федерација предводена од Паоло

ОВА Е ЖЕНАТА, РУСКИ ШПИОН, која била уфрлена кај Епштајн да ја следи западната политичка и бизнис елита

Агент на руската безбедносна служба ФСБ живеел со Епштајн со години, собирајќи компроматирачки информации и материјали за мировната елита и службениците, објави Le Monde и The Newsground. Покрај неговиот интерес за млади руски жени

Со 69 гласа изгласани се новите министри во Владата

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Новите министри ја добија довербата од пратениците и во наредниот период ќе раководат

Ал-Наср во финансиски проблеми: Соиграчите на Роналдо добиле само пола плата за јуни

Ал-Наср, каде што игра Кристијано Роналдо, се соочува со финансиски тешкотии. Неколку од играчите на тимот наводно добиле помали плати од нивната целосна плата за јуни, но раководството на клубот работи на

Французин во Сингапур ја излижа сламката и ја врати меѓу чистите. СУДЕЊЕТО МУ Е ОДЛОЖЕНО (ВИДЕО)

Судењето на 19-годишен Французин обвинет дека се снимал себеси во Сингапур како лиже сламка од машина за сок, а потоа ја враќа во садот, е одложено бидејќи обвинителите се обидуваат да разјаснат
Go toTop