(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Дали Блинкен и Лавров за две недели доаѓаат во Скопје – интервју со Бујар Османи

November 13, 2023
1 min read

Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, се емитува вечерва (13 ноември 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1

Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува шефот на дипломатијата и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, го реализираме од спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, каде се во тек активности за адаптација на просторот, во кој на крајот на месецов треба да се одржи Министерски совет на ОБСЕ – Организацијата за безбедност и соработка во Европа, најголем меѓународен собир досега во земјава. Се најавува присуство на околу илјада учесници од 76 делегации. Османи го прашуваме дали во Скопје ќе дојдат американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тема се и контроверзиите околу јавните набавки поврзани со настанот на ОБСЕ. Со Османи разговараме и за критиките на адреса на Владата во извештајот на Европската комисија, „враќање(то) на Груевски“, (не)интересот предизборно да се поткопа позицијата на ВМРО-ДПМНЕ, албанската опозиција, ставот на ДУИ за тоа дали изборите в година треба да се одржат заедно или одделно, како на нив ќе настапи ДУИ…

Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина да се снаоѓа, да не го чека ветеното од ЕУ

Следно

Амнести интернешнал ги повикува лидерите на ЕУ да повикаат на итен прекин на огнот во Газа

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop