Општина Тетово: Долгот е намален од 14 на осум милиони евра

November 11, 2023
1 min read

реклама


Општина Тетово преку соопштение до јавноста иформира дека го намалила долгот на општината за шест милиони евра во однос на 2021 година. Во соопштението нема повеќе детали како е извршено намалувањето. 

-По две години, новото раководство целосно ја промени финансиската состојба на општината. Во моментов Општина Тетово има долг од 8 милиони евра, додека во 2021 година имала 14 милиони. Овој финансиски успех означува важна пресвртница во управувањето со јавните средства и несомнена посветеност да се осигура дека секое евро оди за инвестиции и квалитетни услуги за нашиот град и граѓаните, информират од Канцеларијата за комуникации и односи со јавноста на Општина Тетово.

реклама

Во ноември 2021 година, кога ја презеде должноста градоначалникот Билал Касами информираше дека од вкупно 24 милиони евра долгови – 14 милиони се на името на Општина Тетово, Јавното комунално претријатие (ЈКП) Тетово должи 9,7 милиони евра, 187 илјади е долгот на ЈП Градски паркинг и 77 илјади евра должат училиштата. 

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешен претставник на ОН: Во Газа се случува геноцид, израелските дејства се наведени во Конвенцијата за геноцид

Следно

Облачно, кон крајот на денот врнежи од дожд, пообилни во западните делови

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop