Мицкоски е убеден дека по следните избори ДУИ ќе заврши во опозиција

November 11, 2023
1 min read

Гледате како од онаа зелена агенда почнаа до обединета Албанија. Водат политика од денес за утре. Додека одат од еден на друг споменик се возат во Ролс Ројс, Мајбах, купуваат мултимилионски имоти. Пораката не е добра, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за порталот „Република“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека е убеден оти на следните избори најголемата партија од албанскиот блок, ДУИ, ќе биде многу непријатно изненадена од бројот на освоени гласови и пратеници во македонското Собрание и дека верува дека тие по долги години власт, конечно ќе заминат во опозиција. Дополнително, вели тој, ВМРО-ДПМНЕ е спремна да и даде шанса на новоформираната „албанска опозиција“ која пред неколку дена дополнително се окрупнила.

„Ова раководство на ДУИ и дел од луѓето кои се дел од него се сериозно според индициите и информациите кои ги имаме, длабоко вплеткани во криминал.  Нашата посакувана опција е така наречената албанска опозиција. Видовме пред некој ден окрупнување околу таа опозиција“,

рече Мицкоски.

Според Мицкоски, ДУИ треба да замине во опозиција на одреден период за да се освожат со нови идеи, бидејќи актуелните се конфузни и испраќаат лоши пораки за народот.

„Гледате како  од онаа зелена агенда почнаа до обединета Албанија. Водат политика од денес за утре.  Додека одат од еден на друг споменик се возат во Ролс Ројс, Мајбах, купуваат мултимилионски имоти. Пораката не е добра“,

изјави Мицкоски.

Мицкоски честопати повторува дека е крајно време ДУИ да оди во опозиција, а портпаролот и министер за надворешни работи од редовите на ДУИ, Бујар Османи „заканите“ на ВМРО-ДПМНЕ ги оцени како безвредни и им порача дека додека е ДУИ и додека е Али Ахмети, на Албанците нема да им фали влакно.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изложба на фотографии „Вевчански бајки и кошмари“ на Александрос Вретакос

Следно

Во главниот град на Саудиска Арабија започна вонредниот Арапско-исламски самит за Газа

Latest from Blog

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос

Николоски: Македонија домаќин на светската градежна научна елита

Македонија е домаќин на Eurock 2026, престижен меѓународен собир на градежната научна јавност, на кој учествуваат неколку стотици професори и експерти од целиот свет. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар
Go toTop