Шолц: Германската Влада ќе продолжи со дипломатските напори за спречување на регионална војна на Блискиот Исток

November 10, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц денес рече дека германската Влада ќе продолжи со дипломатските напори да спречи војната во Газа да се претвори во голем регионален конфликт, јавува Анадолу.

„Заедно со САД, нашите европски сојузници и нашите партнери во регионот, правиме сѐ што можеме дипломатски за да спречиме ова да се засили“, рече тој на воената конференција во Берлин.

Откако конфликтот меѓу Палестина и Израел ескалираше минатиот месец, Шолц постојано ги предупредуваше Иран и Хезболах да не интервенираат во конфликтот.

„Местото на Германија е на страната на Израел“, рече Шолц, додавајќи: „Ние ќе го поддржуваме Израел, секаде каде што е потребно, во остварувањето на правото на самоодбрана.“

Германската Влада вели дека носи историска одговорност за безбедноста на Израел поради нацистичкото минато на земјата и злосторствата извршени врз Евреите.

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, денес ја започнува својата блискоисточна турнеја како дел од дипломатските напори на Берлин да ја запре натамошната ескалација на кризата.

„Министерката за надворешни работи Баербок планира да ги посети Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Израел“, се вели во соопштението на Министерството, без да се дадат дополнителни детали.

Конфликтот драматично ескалираше откако военото крило на Хамас изврши напад без преседан врз Израел на 7 октомври со истрелување илјадници ракети и испраќање стотици борци во израелските градови.

Израел одговори со непрекината кампања на воздушни и артилериски напади врз Газа, а неодамна ги прошири своите копнени операции за да го искорени Хамас. Цивилната инфраструктура, вклучително и болниците и бегалските кампови, исто така беа цел на израелските сили.

Според здравствените власти, досега загинати се најмалку 10.812 Палестинци, меѓу кои 4.412 деца и 2.918 жени.

Група експерти на ОН неодамна предупредија дека Палестинците се „пред сериозен ризик од геноцид“ бидејќи израелската Влада одржува целосна опсада на Појасот Газа.

Од ескалацијата на конфликтот, според израелските власти, речиси 1.600 Израелци се загинати, а над 5.400 се повредени во нападите на Хамас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стојановска: Во најновиот извештај на ЕК првпат стои дека нема никаков напредок во судството

Следно

Пронајдена марихуана во ранец на 17-годишна ученичка

Latest from Blog

КАКО БИ САКАЛЕ ДА УМРЕТЕ?! Праша Reddit а одговите се… богами има и креативни

Неодамна на популарната социјална мрежа Reddit се појави прашање кое ги прави повеќето луѓе да се чувствуваат непријатно, но Србите покажаа неверојатен спектар на емоции преку своите одговори – од длабока поезија

Мистериозна ЖЕНА БО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат

Претседателот на Фенербахче на распит за поседување дрога

ФОТО: Sadettin Saran/FB Претседателот на турскиот гигант Фенербахче, Садетин Саран, е повикан на сослушување како осомничен во истрага за дрога. По давањето исказ пред обвинителите, 61-годишниот Саран е испратен во Одборот за
Go toTop