СЗО предупредува на ризикот од ширење болести во Газа во услови на опсада и конфликт

November 9, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди на големата опасност од ширење болести во Појасот Газа во екот на израелската опсада и континуираните напади, пренесува Анадолу.

„Како што бројот на загинати и повредени во Газа продолжува да расте поради засилените непријателства, интензивната пренатрупаност и нарушените здравствени, водоводни и санитарни системи претставуваат дополнителен ризик за брзото ширење на заразни болести“, се вели во соопштението на здравствената организација на ОН на социјалната мрежа Х.

Од СЗО наведоа дека во Појасот Газа веќе се појавуваат загрижувачки трендови, вклучително и дијареја, бидејќи луѓето консумираат загадена вода.

„Ситуацијата е особено загрижувачка за речиси 1,5 милиони раселени луѓе низ Газа, особено оние кои живеат во пренатрупани засолништа без услови“, соопшти СЗО.

Се повикува на итен, забрзан пристап до хуманитарна помош за Појасот Газа, вклучувајќи гориво, вода, храна и медицински материјали.

Завојуваните страни се повикани да ги почитуваат своите обврски според меѓународното хуманитарно право за заштита на цивилите и цивилните инфраструктури.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сервисот на Aгенција Анадолу на македонски јазик одбележува осум години постоење

Следно

Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Дебар, најстудено на Попова Шапка

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop