Мицкоски го впери прстот во власта, а Ковачевски кон изведувачот и проектантите за доцнењето на изградбата на автопатот Кичево – Охрид

November 7, 2023
3 mins read

Наместо да најдат начин како да го забрзаат проектот, тие повторно се обидуваат со некои гимнастики и политикантство да предизвикаат застој на работите, конфликт со изведувачите и на тој начин дополнително да го одложат реализирањето на овој проект, изјави денеска Мицкоски

Анализите на ФИДИК-експертот кој ќе биде ангажиран, според Ковачевски, ќе треба да кажат кои би биле ефектите доколку би се продолжило со истиот изведувач – кинески „Синохидро“ или би се прекинала соработката, односно ако дојде до раскинување на договорот. Во вториот случај, како што посочи премиерот, постојат финансиски импликации по државата кои ќе треба да се решаваат пред меѓународен арбитражен суд

Одговорни за проектирање на автопатот Кичево – Охрид се проектантските куќи, а тие имаа име и презиме, тие имаат лиценци што ги добиле во оваа држава и, второ, одговорен за изградба на автопатот е изведувачот на работите којшто има договор со сила на закон.

Премиерот Димитар Ковачевски / Фото: Архива

Ова е дел од одговорот на премиерот Димитар Ковачевски на прашањата од новинарите околу одговорноста за доцнењето на изградбата на оваа автопатска делница чиј изведувач е кинеската компанија „Синохидро“. Проектот, според договорот, треба да биде готов до крајот на оваа година, што е сè помалку извесно.

„Таа договорна страна, изведувачот врз основа на проекти од проектанти со лиценци имаат прифатено дека автопатот ќе го завршат до крајот на 2023 година преку анекс на договор којшто е одобрен во Собранието. Сега треба да се направи анализа зошто не е завршено, зошто изведувачот не успеал да го заврши. Дали проектите коишто биле правени биле квалитетно направени, дали тие што ги правеле ги заслужуваат лиценците коишто ги имаат за да направат проекти. Јас ќе ви направам аналогија, тоа е исто како да имате книговодител којшто ги промашува завршните сметки на една компанија и се поставува прашањето дали ја заслужува лиценцата да биде овластен сметководител“,

изјави денеска Ковачевски пред новинарите по посетата на компанијата „Пивара Скопје“.

Тој рече дека досега потрошените 600 милиони евра за изградбата на автопатот нема да одат во неповрат, затоа што добар дел од патот или некаде над 75 проценти е изграден, меѓутоа, како што додаде, проблем е самото проектирање и репроектирање кои не биле направени на квалитетен начин, поради што изградбата трае веќе 10 години.

Ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), во однос на финансиските и процедурални аспекти на капитални проекти, кое е во тек, и ангажирањето експерт за ФИДИК (Меѓународен стандард за реализација на меѓународни договори), според Ковачевски, треба да дадат одговор на прашањето дали кинескиот изведувач и ангажираните подизведувачи се во состојба да го изградат автопатот.

Во овој момент неговото довршување го оневозможуваат новите 11 свлечишта кои во последниот период се појавиле на делницата.

„Од таа страна тоа е нешто што ќе мора да се исправи, меѓутоа од друга страна се поставува едно многу важно прашање. Дали тој изведувач и неговите субконтрактори коишто ги ангажирал, после 10 години се во состојба да изградат вакво автопатско решение. И второ, самите проектантски куќи коишто имаат лиценци за да проектираат вакви големи инфраструктурни проекти, тоа го направиле на начин на којшто треба да биде направено и коешто ќе овозможи брза, квалитетна и навремена изградба на автопатот. Ова се прашањата коишто треба да ги одговорат овие две анализи коишто се прават, коишто Министерството за транспорт и врски ќе треба да ги достави до Владата“,

рече Ковачевски.

Истовремено, додаде тој, анализите на ФИДИК-експертот ќе треба да кажат кои би биле ефектите доколку би се продолжило со истиот изведувач или би се прекинала соработката, односно дојде до раскинување на договорот.

„Во тој случај (на раскинување на договорот), постојат финансиски импликации коишто можат единствено да бидат дефинирани од страна на меѓународен арбитражен суд којшто е наведен во договорот (во Париз н.з.), кој е изгласан во Собранието и сите анекси се гласани во Собранието. Така што, врз основа на сите информации коишто ќе бидат прибрани, ќе биде предложена одлука до Собранието и на крај Собранието ќе го има финалниот збор, односно сите пратеници во истото, бидејќи Собранието со закон ја задолжило Владата да работи на ова решение и на овој начин и со тој изведувач од Кина“,

рече Ковачевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за доцнењето со изградбата на автопатот Кичево – Охрид денеска ја обвини Владата.

„И покрај на двапати со анекс продолжените договори и покрај тоа што имаше многу празни ветувања од страна на првенците на СДС дека сето ова ќе биде завршено и дека денеска ние ќе може да возиме по новиот автопат од Кичево до Охрид, за жал тоа не се случува“,

изјави Мицкоски при посетата на Ресен во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“, одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавите дека една од опциите за кои размислува власта за автопатот е раскинување на договорот со „Синохидро“.

Тој истакна дека продолжуваат да се губат човечки животи поради немање проектен менаџмент и „криминалниот каракетр на владата на ДУИ и СДСМ“.

„Сега наместо да најдат начин како да го забрзаат проектот, тие повторно се обидуваат со некои гимнастики и политикантство да предизвикаат застој на работите, конфликт со изведувачите и на тој начин дополнително да го одложат реализирањето на овој проект“,

потенцира Мицкоски.

Тој нагласи дека дека „добрата вест е што за неколку месеци од денеска доаѓа влада на ВМРО-ДПМНЕ, која има намера сериозно да ги заврши сите проекти во Македонија“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Како се произведуваше паниката од руските ботови

Следно

Владата донесе решение за формирање на Комисија која треба да ја спроведе постапката за избор на универзален снабдувач на електрична енергија

Latest from Blog

Холандските обвинители работат на блокирање на извозот на делови за авионите Ф-35 во Израел

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на холандскиот Врховен суд побара одобрување на одлуката на Апелациониот суд за стопирање на извозот на делови за борбените авиони Ф-35 во Израел, се вели во официјалното

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме
Go toTop