Израел објави видеоснимка од наводната принудна депортација на Палестинците од северниот дел на Газа

November 7, 2023
1 min read

АЛ-КУДС (АА) – Израелската Армија објави видеоснимка која наводно прикажува група Палестинци кои се присилени на депортација од северниот дел на блокираниот Појас Газа, јавува Анадолу.

Во соопштението на израелската Армија се тврди дека денеска од 10 до 14 часот повторно е отворен „коридорот за евакуација“ за премин на цивилите од северот на Газа кон југ.

На снимката може да се види како голем број Палестинци во колона се движат со подигнати раце во воздух.

Канцеларијата за медиуми на палестинската Влада во Појасот Газа реагираше на снимката и соопшти дека израелската Армија спроведува психолошка операција и предупреди видеото да не се шири и објавува.

„Окупаторската војска собрала неколку десетици граѓани кои сакале да одат на југ и понижувачки ги фотографираше за да покаже дека многумина одат кон југ“, се вели во соопштението.

Поради уништувањето на голем дел од сообраќајниците во нападите што израелската Армија ги врши од 7 октомври, на цивилите кои живеат во северниот дел на Појасот Газа им е отежнат патот кон југ.

Околу два километри од патот на коридорот, за кој се тврди дека е отворен за евакуација, се тешко оштетени поради израелските напади, што го оневозможува поминувањето на возилата.

Бидејќи патот на коридорот стана неупотреблив за време на израелските напади, цивилите кои сакаат да преминат од северниот кон јужниот дел од Газа мора да го поминат пеш. За постарите, жените и децата кои мораат да ги напуштат домовите поради нападите, ова патување станува уште потешко бидејќи мора да пешачат.

Се вели дека околу 400.000 палестински цивили се наоѓаат во северниот дел на Газа, што Израел го прогласи дека е под опсада.

Според палестински извори, 70 отсто од населението во Појасот Газа, каде што живеат приближно 2,3 милиони Палестинци, се раселени поради израелските напади од 7 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопје: Со поддршка на ТИКА се одржа работилницата насловена „Една жена една приказна“

Следно

Судски совет му врати на Лога: Немаме намера да војуваме

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop