Пакистан испрати втора пратка со хуманитарна помош за Газа

November 7, 2023
1 min read

КАРАЧИ (АА) – Пакистан денеска испрати втора пратка со хуманитарна помош во Газа, објави пакистанската државна телевизија, пренесува Анадолу.

Министерот за надворешни работи, Џалил Абас Џилани, палестинскиот амбасадор во Пакистан, Ахмед Џава Раби, и министерот за човекови права, Калул Џорџ, испратија на Меѓународниот аеродром „Исламабад“ специјален авион со 90 тони сетови за хигиена, лекови и пакети со храна.

Изразувајќи ја целосната поддршка и солидарност на Пакистан со Палестинците, Џилани ја нагласи итноста за ставање крај на израелската агресија и укинување на опсадата на Газа.

Пакистан минатиот месец ја испрати својата прва пратка од 100 тони хуманитарна стока во Газа.

Во меѓувреме, индонезискиот министер за одбрана, Прабово Субијанто, изјави дека Џакарта е подготвена да испрати медицински брод во водите во близина на Газа за лекување на жртвите на израелските воздушни напади.

Субијанто рече дека Џакарта планира да се координира со земјите во близина на Појасот Газа, вклучувајќи го и Египет, за да добие одобрение за испраќање на бродот.

Џакарта во саботата испрати повеќе од 51 тон хуманитарна помош во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хемиското рециклирање е опасна измама

Следно

Од утре облачно и посвежо со дожд, се најавува и снег на планините

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop