Стотици илјади луѓе на пропалестински собир во Индонезија

November 5, 2023
1 min read

ЏАКАРТА (АА) – Стотици илјади луѓе се собраа денес пред Националниот споменик во Џакарта, Индонезија, во знак на солидарност со Палестинците во екот на интензивните израелски бомбардирања на Појасот Газа, пренесува Анадолу.

Станува збор за најголем јавен собир во Индонезија од избувнувањето на војната меѓу Израел и палестинската група Хамас.

Облечени во бело и носејќи црно-бели палестински марами, насобраните виореа палестински знамиња и извикуваа „Господ е голем!“ и „Слободна Палестина“.

На собирот е упатен апел израелските сили да ја прекинат смртоносната опсада на Газа.

Додека снимки од бомбардирањето на Газа се менуваа на голем екран, говорниците на Плоштадот на Националниот споменик (Монас), повикуваа, меѓу другото, на бојкот на израелски производи и отворање на истрага за израелските дејствија во Газа од страна на Меѓународниот суд, пренесоа локалните медиуми.

Мирниот собир е организиран од страна на Индонезискиот Совет на улеми, нависоката исламска институција во земјата. Собирот е поддржан и од Владата, како и од бројни верски организации, вклучувајќи христијански и будистички.

Индонезија нема формални дипломатски односи со Израел и како силен поддржувач на Палестина, вакви собири не се невообичаени во земјата со мнозинско муслиманско население.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Kолони возила заглавени на Табановце уште од утрово: За излез од Македонија се чека и над половина час

Следно

Николоски: Уставни измени под бугарски диктат ни пред ни после избори нема да има, ВМРО- ДПМНЕ нема да дозволи

Latest from Blog

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување

Во блог објава, ММФ го опиша конфликтот како „шок“ кој е „глобален, но асиметричен“ и кој дејствува главно преку три канали: цените на енергијата, трговијата и финансиските услови. Нарушувањето на снабдувањето со
Go toTop