Група Израелци одржаа протест во Тел Авив барајќи прекин на огнот во Газа

November 5, 2023
1 min read

ТЕЛ АВИВ (АА) – Семејствата на заложниците кои се држат во Појасот Газа синоќа протестираа во Тел Авив барајќи прекин на огнот и враќање на нивните најмили, известува Анадолу.

Демонстрантите изразија незадоволство поради одлуката на израелската власт да го продолжи бомбардирањето на Појасот Газа додека членови на нивните семејства се наоѓаат заробени таму.

Групата се собра во близина на Министерството за одбрана во Тел Авив, носејќи транспаренти на кои, меѓу другото, пишуваше и „прекин на огнот“, „во војната нема победник“, „размена на заробеници веднаш“, „тагата не познава граници“…

Истовремено настанаа тензии меѓу демонстрантите и оние кои не се слагаат со нив. Со интервенција на полицијата спречена е ескалација.

Ани Јаели, која живее во градот Бат Јам, на новинарот на Анадолу му рече дека треба што поскоро да се воспостави примирје, да се ослободат заробениците и „да се собори фашистичката влада (на израелскиот премиер Нетанјаху)“.

Истакнувајќи дека е против војна, Јаели рече дека политичките проблеми не можат да се решат со воени методи.

Бригадите Ал Касам, военото крило на Хамас, претходно соопшти дека во заробеништво држи 250 луѓе, вклучувајќи израелски војници и цивили. Тие бараат во замена за заробениците, Израел да ги ослободи палестинските затвореници.

Оваа недела израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви, но и болници во Појасот Газа, кој е под немилосрдни израелски напади по неочекуваната офанзива на Хамас на 7. октомври.

Во израелските напади на Појасот Газа од 7. октомври досега се убиени најмалку 9.488 Палестинци, а во исто време се убиени повеќе од 1.500 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел продолжи да ја бомбардира Газа, на мета бегалскиот камп Ал Шати

Следно

Поради дефект без вода Драчево, Долно Лисиче, Студеничани, Батинци, Морани, Орешани и Зелениково

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop