Израел продолжи да ја бомбардира Газа, на мета бегалскиот камп Ал Шати

November 5, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелските сили продолжија и синоќа да изведуваат воздушни и копнени напади на Појасот Газа, а на мета беше бегалскиот камп Ал Шати во западниот дел на градот Газа, известува Анадолу.

На снимките се слушаат експлозии на повеќе локации.

Израелската војска на 2. ноември најави дека ќе започне интензивни напади и го повика населението од бегалскиот камп Ал Шати „под итно да го евакуира тоа подрачје“.

Израелските авиони претходно фрлија летоци на бегалскиот камп, повикувајќи на евакуација.

Во брошурите пишувало „Израелската војска бара од населението на кампот Ал Шати под итно да се пресели во подрачја јужно од Ал Маваси, западно од градот Хан Јунис“. Во барањето се наведува дека бегалците треба да заминат јужно од улицата Ел Рашид, која ги поврзува северот на Појас Газа со југот.

Претходно израелските сили побараа Палестинците од северните делови на Појасот Газа да се евакуираат во градот Газа и неговите северни делови.

Оваа недела израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви, но и болници во Појасот Газа, кој се под немилосрдни напади по неочекуваната офанзива на Хамас на 7. октомври.

Во израелските напади на Појасот Газа од 7. октомври досега убиени се најмалку 9.488 Палестинци, а во исто време убиени се повеќе од 1.500 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Активисти во Тел Авив апелираа за прекин на огнот

Следно

Група Израелци одржаа протест во Тел Авив барајќи прекин на огнот во Газа

Latest from Blog

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Министерството за спорт и САДУ потпишаа колективен договор: Етапно зголемување на платите до 21% и бројни придобивки за вработените

Министерството за спорт претставено од министерот Борко Ристовски и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, денеска склучија Колективен договор за вработените во Министерството. Ова, како
Go toTop