Анкета: Само 27 отсто од Израелците го гледаат премиерот Нетанјаху како најдобар за водење на Владата

November 3, 2023
1 min read

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Со голема загуба на поддршката, само 27 отсто од Израелците сметаат дека долгогодишниот премиер Бенјамин Нетанјаху е вистинската личност за раководење со Владата, покажуваат резултатите од најновата анкета објавена денес, јавува Анадолу.

Анкетата направена од Институтот за истражување „Лазар“ за израелскиот дневен весник „Маарив“ покажа дека 49 отсто од Израелците, или околу половина, сметаат дека Бени Ганц, лидерот на Партијата за национално единство, е најподобен да ја води израелската Влада.

Анкетата опфати случајни испитаници – 522 возрасни Израелци, со маргина на грешка од 4,3 %.

Според анкетата, голем пад на популарноста има партијата Ликуд предводена од Нетанјаху, со значителен пораст на Партијата за национално единство.

Анкетата е направена по ненадејниот напад на Хамас врз јужен Израел изведен на 7 октомври, при што загинаа над 1.000 Израелци, а беа земени стотици заложници, како и по неколкумесечните протести поради контроверзниот план на Нетанјаху за реформа на судството.

Анализите по нападот го обвинија Нетанјаху за занемарување на безбедноста на нацијата, и тој се соочи со бурни реакции откако јавно одби да преземе каква било одговорност за разорниот напад.

Анкетата покажува дека доколку денес се одржат избори, Партијата за национално единство би освоила 36 од 120 места во Кнесетот (израелскиот Парламент), трипати повеќе од 12-те места што ги има сега.

Партијата Ликуд, според анкетата, би освоила само 19 места, во споредба со 32-те што ги има сега.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Запре кривичната постапка за „Траекторија“, застаре делото на Груевски, трошоците паѓаат на товар на државата

Следно

Ковачевски: По 40-годишни очекувања, Битола добива парно греење 

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop