Илјадници палестински работници депортирани од Израел пристигнаа во Газа

November 3, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Илјадници палестински работници се вратија во блокираниот Појас Газа откако беа депортирани од Израел, јавува Анадолу.

Неименуван безбедносен извор од граничниот премин Керм Абу Салим на југот на Појасот Газа соопшти дека во Газа се вратиле и работниците депортирани од Израел и од окупираниот Западен Брег.

Палестинските работници пешки пристигнаa во Газа, со оглед на тоа дека израелските сили ги оставиле два километра подалеку од граничниот премин.

Работниците пристигнаa до градот Рафа во Газа, а израелските власти им ги конфискувале сите пари и мобилните телефони.

Во веста објавена вчера во весникот „Хаарец“ се наведува дека израелската Влада одлучила да ги врати сите работници од Газа што работеле во Израел и на окупираниот Западен Брег.

Илјадници работници од Газа, кои имаа работни дозволи во Израел, не можеа да се вратат кај своите семејства во Газа по почетокот на војната на 7 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Скопје отворен Петтиот саем за пчеларство

Следно

Запре кривичната постапка за „Траекторија“, застаре делото на Груевски, трошоците паѓаат на товар на државата

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop