Албанската опозиција повикува на утрешната собраниска седница да биде разгледан нивниот предлог за член во ДИК на следните избори

November 1, 2023
1 min read

реклама


Албанската опозиција повикува да се разгледа нивниот предлог на утрешната 129-та седница на Собранието каде што се предвидува да бидат и тие претставувани во Државната изборна комисија за следните претседателските и парламентарните избори што следат.

-Нашето барање е ставено како 15-та точка на дневниот ред. Затоа го повикуваме претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, но и сите пратеници од мнозинството, ако сакаат да докажат дека не работат за да ги изманипулираат изборните процеси, и дека се залагаат за фер и демократски избори и се навистина ангажирани за спроведување на европските вредности, тогаш заедно да го разгледаат предлогот на албанската опозиција и да го исполнат овој уставен услов, рече на денешната прес-конференција Фадил Зендели од движењето Беса.

реклама

Додаде дека како албанска опозиција, пред неколку дена, ги информирале претставниците на власта и граѓаните за сите информации што ги имаат во врска со обидите на власта да ги манипулира изборите. 

-Меѓу овие информации го спомнавме и обидот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, за злоупотреба на положбата како претседавач со ОБСЕ за да влијае на одлуката за бројот на набљудувачи на изборниот процес. Но, уште еднаш ќе повториме дека албанската опозиција има сериозен план за да се справи со секаква можна манипулација од страна на власта. Обединетата албанска опозиција има легитимитет да побара правно застапување во изборните органи, изјави Зендели. 

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Околу 110 лица со странски пасоши ја напуштија Газа преку преминот Рафа

Следно

Филмаџиите бараат посебен буџет за телевизиски серии, надвор од буџетот за филм и нов закон за филм

Latest from Blog

Меџити: Продолжуваме со работа за поуреден и побезбеден Чаир!

Во Општина Чаир продолжуваат активностите за обележување на улиците и пешачките премини, паралелно со подобрување на инфраструктурата, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на

Божиновска: Нови инвестиции и преквалификација за праведна енергетска транзиција

Енергетската транзиција треба да обезбеди почиста енергија и сигурно снабдување, истовремено водејќи сметка за потребите на стопанството и можностите на домаќинствата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции

Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја

Коњановски: Година на работа и резултати – 180 проекти за развој на Битола

Вкупно 180 проекти во различни фази, над 10 километри обновена и новоизградена патна инфраструктура и вложувања во училишта, градинки и спортски објекти го одбележале изминатиот едногодишен период во Битола. Ова го истакна
Go toTop