Околу 110 лица со странски пасоши ја напуштија Газа преку преминот Рафа

November 1, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Палестински официјален претставник денес изјави дека околу 110 лица со странски пасоши го напуштиле Појасот Газа преку преминот Рафа во Египет, јавува Анадолу.

„Околу 110 лица со странски пасоши го напуштија Појасот Газа“, изјави за Анадолу, Ваел Абу Мохсен, медиумски директор на граничниот премин Рафа.

Тој рече дека 17 амбулантни возила што превезувале Палестинци повредени во израелските напади, исто така, го преминале граничниот премин во Египет.

Абу Мохсен рече дека 20 камиони со хуманитарна помош денес влегле во Газа преку преминот Рафа, со што вкупниот број камиони со хуманитарна помош што пристигнале во Газа за една недела се искачи на 237.

Десетици странци и Палестинци со двојно државјанство се собраа од рано наутро на палестинската страна на преминот Рафа за да го напуштат Појасот Газа, кој е под немилосрдни израелски воздушни напади од 7 октомври по прекуграничниот напад на Хамас.

Египетските медиуми објавија и снимки од возила, камиони и амбулантни возила што го преминуваат граничниот премин Рафа од Газа во Египет.

Од минатиот викенд израелската армија ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдни воздушни напади по ненадејната офанзива на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Во конфликтот загинаа повеќе од 10.300 луѓе, меѓу кои најмалку 8.796 Палестинци и повеќе од 1.538 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пациенти сведочат за Онкологија – се жалат дека главно се соочувале со недостиг на терапија

Следно

Албанската опозиција повикува на утрешната собраниска седница да биде разгледан нивниот предлог за член во ДИК на следните избори

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop