Ковачевски: Нема да се откажаме да бараме ослободување на капацитетите за гас од Бугарија

November 1, 2023
1 min read

реклама


Нема да се откажеме да бараме ослободување на капацитетите за гас и да бараме таксата да не важи затоа што е неправедно наметната и нема ништо заедничко со пазарните принципи и со директивите на Европската Унија. Ако треба тоа ќе го направиме и пред меѓународните судови, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. 

Одговарајќи на новинарско прашање што ќе се случи доколку Бугарија не ги прошири капацитетите за да може да се набават поголеми количини гас и од други извори Ковачевски рече дека со министерот за економија Крешник Бектеши реагирале во Европската Комисија дека таксата не треба да биде воведена со оглед на тоа дека целокупниот капацитет на влезната страна кон Северна Македонија е даден од страна на Бугарија на „Гаспром“. 

реклама

– Тоа значи дека ваква такса ќе предизвика зголемување на цената на електрична енергија и затоплување кај нас за 20 проценти. Затоа побаравме да се ослободи капацитет за да може Северна Македонија да набавува гас од други извори, што нема да биде руски и со тоа нема да биде оптоварен со оваа дополнителна такса. Во моменот се водат разговори и на ниво на Европската Унија и со Бугарија со соодветното министерство за да може ова да биде направено. Минатата година успеавме заедно со Европската комисија и Бугарија да ослободиме капацитет за набавка на гас што не е исклучиво во сопственост на „Гаспром“ и се надевам дека и годинава ќе успееме да го направиме тоа, изјави Ковачевски, по настанот по повод Денот на национално осигурување. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четворица Палестинци загинаа во израелските напади на Западниот Брег, со што бројот се искачи на 130

Следно

За Ковачевски нема проблем во изборот на Халими во „Аеродроми“

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop