Најмалку 100 загинати при израелското бомбардирање на бегалскиот камп Џабалија во Газа

October 31, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Министерството за здравство во Газа соопшти дека според првичните сознанија 100 лица загинале во израелското бомбардирање на бегалскиот камп Џабалија, пренесува Анадолу.

Министерството оваа информација ја потврди преку соопштение објавено на платформата Телеграм.

Во соопштението се наведува дека израелската војска го бомбардирала бегалскиот камп Џабалија кој се наоѓа во северниот дел на Појасот Газа.

Како што се истакнува во соопштението, според првичните сознанија, во нападот загинале 100 лица, додека населбата „Блок 6“, која е еден од цивилните населени места во кампот, е целосно уништен.

Во соопштението се наведува дека голем број лица се повредени, а загинатите и повредените се пренесени во Индонезиската болница.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столтенберг ги осуди нападите на Хамас, и го повика Израел да дејствува во согласност со меѓународното право

Следно

Мбапе доби прашање за Реал Мадрид, неговата реакција отвори дебата (ВИДЕО)

Latest from Blog

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop