Владиката Јован: Срушени се сите бариери меѓу мене и архиепископот Стефан

October 30, 2023
1 min read

Се прегрнавме, се целивавме братски. А тоа значи дека сите бариери што беа меѓу нас, ги срушивме. Во суштина, и не треба да има бариери, особено меѓу нас архиереите, затоа што треба на сите да им ја објавуваме веста за единството – вели владиката Јован за првата средба со поглаварот Стефан по цели 20 години

„Ги срушивме сите бариери што беа меѓу нас. Се прегрнавме и се целивавме“.

Вака крушевско-демирхисарскиот митрополит г. Јован (Вранишковски), во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, ја опишува средбата со поглаварот на МПЦ ОА, архиепископот г.г. Стефан, прва по 20 години без меѓусебни контакти. Таа средба се случила на 19 мај 2022 година, при првата заедничка литургија на владици на Српската православна црква и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Владиката Јован во интервју за „360 степени“ на МРТ 1

„Се прегрнавме, се целивавме братски. А тоа значи дека сите бариери што беа меѓу нас, ги срушивме. Во суштина, и не треба да има бариери, особено меѓу нас архиереите затоа што треба на сите да им ја објавуваме веста за единството. Немаше можност за некакви долги дијалози и разговори, ама имаше изразување на добрата волја и кај мене, а верувам и кај архиепископот Стефан“,

вели ново-стариот владика на МПЦ ОА во интервјуто.

На прашање дали со оглед на тоа колку далеку отидоа поделбите во изминатите години и каде е состојбата денес, може да се каже дека станува збор за „мало чудо“, г. Јован одговара:

„Секојдневно во Црквата се случуваат чуда. И ова може да го наречеме чудо затоа што после толку години и јас не се надевав дека вакво ќе биде решението. Се навикнува човек, ете поминаа 20 и кусур години од пристапувањето кон единство кое го имавме во 2002 година. И човек се навикнува, односно се прилагодува. Сега ова е сосема нова ситуација и изненадување за сите. Ама Господ така и ги праќа решенијата, општо и во животот, како изненадување“.

Тој се осврна и на моментите кога беше жестоко критикуван, пред 20 години, кога ги прифати Нишкиот договор и повикот на тогашниот српски патријарх Павле за влегување во канонско единство со СПЦ, единствен меѓу владиците на МПЦ ОА.

„Ние кога излегувавме од МПЦ, односно влегувавме во единство со целата православна екумена, најневкусни беа критиките од јавноста, односно од јавните медиуми. Во суштина, и сега се случува истото со МПЦ само многу помалку и фала му на Бога што е така. Затоа што тоа е резултат, ми се чини, на неразбирањето на одредени појави во Црквата, кои неретко се спротивставени на секојдневниот политички живот и на државата во којашто живееме. И на целиот свет воопшто. Затоа што Црквата постои со векови. Политичката ситуација кај нас не е баш зрела за да може да ги толкува сите тие зрелости на Црквата“,  

вели во интервјуто крушевско-демирхисарскиот митрополит.

Јован (Вранишковски) на 3 септември оваа година беше интронизиран во митрополит на Крушевско-демирхисарската епархија откако со одлука на Синодот, а по договорот со СПЦ, ПОА беше интегрирана во МПЦ ОА.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Контроли на Бит Пазар, Зелен Пазар и пазарите во Тетово и Ченто: Запленети пиротехника и режан тутун кои нелегално се продавале

Следно

„Пржинската влада“ стои во законот за влада, политичките партии да внимаваат на законските обврски кога шпекулираат за датум за избори

Latest from Blog

Бакарот станува стратешки ресурс за Европа, Македонија сè уште не го активира својот најголем проект

Европската Унија ја засилува поддршката за домашното производство на критични минерали, оценувајќи дека без нови рударски инвестиции нема да може да ги исполни целите на зелената и индустриската транзиција. Од Euromines предупредуваат

Јамал: Ако некој може да ги победи Французите, тоа сме ние!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Шпанија е подготвена за најголемиот предизвик на Светското првенство, полуфиналниот дуел со Франција, а најголемиот адут на „црвената фурија“ ќе биде Ламин Јамал. Дуелот меѓу Франција и Шпанија (денеска, 21:00 часот)

ВЛЕН: Со шест министри ќе го продолжиме мандатот со уште посилно темпо

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека по изгласувањето на реконструкцијата на Владата, влегува во нова фаза на владеење со засилена одговорност и шест министерски ресори. Од партијата истакнуваат дека реконструкцијата претставува потврда дека

Емиратите го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец при што загина едно лице

Трамп најави дека САД ќе воведат царина од 20% како дел од новата блокада на водниот пат. Американскиот претседател рече дека тие го напаѓаат Иран „многу силно“. Нападите беа извршени трета ноќ

Пирло е главен кандидат за селекторското место на Италија

ФОТО: FC Juventus/FB Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, е главен кандидат за нов селектор на Италија. Познатиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека новата структура на италијанската федерација предводена од Паоло
Go toTop