Кинеските научници пак чепкаат по вируси

October 30, 2023
1 min read

Собраните вируси имаат „висока веројатност“ за заразување луѓе доколку успеат да ја преминат бариерата и да се префрлат на човек. Кога го знаат ова, сега кинеските научници побарале дополнително експериментирање на вирусите за да се утврди каков точно ефект би можело да имаат врз луѓето.

Откритијата се објавени во журналот Вирологика Синика, каде еден од уредниците е др. Ши Женгли, научничката која го носи прекарот „жена лилјак“ заради својата работа со лилјаците во Институтот за вирологија во Вухан. Освен Женгли во уредничкиот борд на журналот седат десетина академици поврзани со Институтот во Вухан.

Во студијата се користат 682 примероци собрани од различни глодачи на островот меѓу 2017 и 2021. Примероците се категоризирани според вид и локација. Хајнан е одделен од Кина и има популација од околу 9 милиони луѓе.

Од откриените вируси најмногу внимание привлекува  Ков-ХМУ-1, бетакоронавирус, од истиот род како и ковид. Од другите има два вируса поврзани со жолта треска и денга, астровирус од семејството на вируси кои предизвикуваат инфекции на стомакот, два парвовируси кои предизвикуваат симптоми како грип и два нови папилома вируси.

Стравот е дека постои голема шанса за зооноза, префрлање на болест од животно на човек, кога вирусите ги носат глодари, бидејќи ги има насекаде, ги има во голем број различни видови, имаат силен репродуктивен капацитет и живеат во густо населени човечки средини, заради што имаат бројни шанси за интеракција со луѓе.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Промоција на изложбената поезија „Стражари на ноќта“ од Марија Митева во Мала станица

Следно

(ВИДЕО) Откриени 23 мигранти и уапсени две лица откако со комби завршија во канал во центарот на Велес

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред
Go toTop