Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа порасна на 7.703

October 28, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври до денес се искачи на 7.703, објави Министерството за здравство во Газа, јавува Анадолу.

Меѓу жртвите 3.595 се деца, соопшти Министерството.

Оттаму наведоа дека од почетокот на нападите на 7 октомври повредени се 19.734 граѓани.

Министерството, исто така, наведе дека Израел извршил 53 масакри во интензивните бомбардирања на Појасот Газа во текот на ноќта.

Израелската војска вчера ги прошири и интензивира воздушните и копнените напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдни воздушни напади по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври. Меѓународните хуманитарни агенции соопштија дека изгубиле контакт со својот персонал во Газа откако Израел го отсече интернетот и комуникациите за енклавата.

2,3 милиони жители на Газа се борат со недостиг на храна, вода и лекови поради масовното воздушно бомбардирање на Израел и целосната блокада на енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел ја нарече „подла“ резолуцијата на ОН за прекин на огнот во Газа

Следно

Тодоров: Груевски е лут на Мицкоски – „ВМРО-ДПМНЕ има корист од измените на кривичен затоа не ги спречи“

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop